Видео: Полицаецот кој го апсел синот на Ел Чапо изрешетен со 150 куршуми!?

Мексиканскиот полицаец кој учествувал во апсењето на синот на нарко босот Ел Чапо, е убиен на паркинг.

Ликвидацијата ја снимиле безбедносни камери. На видео снимката може да се види како двајца мажи вооружени со полуавтоматски пушки излегуваат од црвен автомобил и пукаат во бел нисан.

Заседата трае околу 30 секунди , но за тоа кратко време напаѓачите успеале да испукаат повеќе од 150 куршуми во белиот нисан во кој бил несреќниот полицаец, пренесува „Дејли Маил“.

Црвениот автомобил го следел белиот нисан од пред трговскиот центар во Кулиакуна .

Убиениот полицаец е е идентификуван како Едуардо Н. кој и припаѓал на елитната единица на државната полиција.

Според локалните медиуми тој учествувал во апсењето на Овидиј Гузман Лопез синот на нарко босот Ел Чапо.

притисни ентер