Фото: Ирина во бикини го покажа совршеното тело!!!

Прекрасната руска манекенка Ирина Шајк уште еднаш со фотографија на која позира во костим за капење  ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи.

Популарното селфи екс девојката на Роналдо и Бредли Купер го направи пред огледалото.

Но, сега убавата Ирина се фотографирала без глава, сакајќи да го истакне своето совршено тело.

Сопруга на турската фудбалска легенда,го нарачала неговото убиство (ВИДЕО)

Јагмур Ашик, сопругата на легендата на турскиот фудбал Емре Ашик, е обвинета за заговор за убиство на нејзиниот сопруг.

Според обвинението поднесено од обвинителството на Дузче, северозападна провинција во Турција, Јагмур Ашик е обвинета дека на својот љубовник Ерди Сунгур му понудила 10 милиони турски лири (1,3 милиони американски долари) за организирање на неговото убиство.

„Имавме афера. Таа само размислуваше за парите што ќе ги наследи по смртта на Ашик. Ме замоли да го убијам, но јас одбив “, им рече Сунгур на истражителите, додавајќи:

'' Таа еднаш донесе парче месо. Ме замоли да пукам во него. Се обидов да го сторам тоа, но ги затворив очите. „Не можеш да го правиш тоа така“, луто ми викна.

Сунгур тогаш ја запознал својата љубовница со убиец, кој бил во затвор за убиство на три лица. Според обвинението, Јагмур Ашик му дала пиштол на убиецот и заедно ги пребарувале руралните области во Дузче за да најдат безбедно место за погребување на поранешниот фудбалер, откако убиецот ќе го погубел. Во последен момент, убиецот се откажал од нарачката.

Емре Ашик беше член на златната генерација на турскиот фудбал од раните 2000-ти, а како репрезентативец освои бронза на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Тој е еден од ретките играчи кои играле за трите најголеми турски клубови - Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче.

Во Британија за една недела, двојно зголемен бројот на заразени

Во последните 24 часа, во Велика Британија се пријавени 6.634 нови случаи на ковид-19, а уште 40 лица починале.

Вкупно 41.900 луѓе починале од коронавирус во земјата, што ја прави најпогодена европска земја.

На 17 септември, во Велика Британија биле регистрирани 3.395 нови инфекции, што значи дека бројот на нови случаи на ден е двојно зголемен во последните седум дена.

Француските здравствени власти,пак, денеска пријавија 16.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, далеку над претходниот дневен рекорд од 13,4 илјади заразени и најавија нови ограничувачки мерки, пред се во поголемите градови.

Најцрн биланс во Мексико,но не во врска со короната

Стапката на убиства во Мексико останува на историски највисоко ниво со 29 убиства на 100.000 жители.

Ова се податоците на локалниот Национален институт за статистика.

Заради споредба, во САД во 2018 година, последната година за која се достапни податоците, имало околу пет убиства на 100 000 луѓе.

Минатата година во Мексико имало 36.476 убиства.

Се проценува дека стапката на убиства ќе биде уште поголема до крајот на оваа година, бидејќи во првите осум месеци од годинава, во Мексико имало 24.116 убиства, што е зголемување за околу 1,5 процент во споредба со истиот период минатата година.

притисни ентер