Фото: Електричен караван од Фолксваген

Германскиот Фолксваген на 19 ноември во Лос Анџелес ќе го претстави вториот член од своето електрично „ID“ семејство.

Се работи за каравам со пет врати по ознаката „Space Vizzion“ кој од Фолксваген го гледаат како кросовер со можности од продолжена лимузина.

Од Фолксваген тврдат дека овој модел ќе има автономија од скоро 500 километри.

Освен скицата со дизајнерските линии, од Фолксваген покажаа и како ќе изгледа ентериерот, во кој се истакнуваат дигиталната контролна табла со тенок дисплеј пред возачот.

Продукциската верзија од овој мобел би требало да пристигне кон крајот на 2021 година со различни верзии за Северна Америка, Европа и Кина.

Фолксваген неодамна го промовираше својот прв електричен модел  „ID.3“, а следната година пристигнува и кросоверот  „ID.4“.

притисни ентер