Трагедија во Ниш, дете падна од 12 кат на зграда

Седумгодишно дете утрово околу 8-30 часот загина откако паднало од  една висока зграда во Ниш, Србија.

Според првичните информации детето била само дома и од засега непознати причини паднало од 12 кат на една висока зграда на Византискиот булевар во Ниш, пренесе „Блиц“.

Полицијата сега ги истражува сите околности за оваа трагедија.

30 дена притвор за негувателката , која претепа детенце во игротека

Судот и одреди 30 дена притвор на негувателката , која утрово претепа 2- годишно дете во игротеката ,,Дежа ву” во скопски Аеродром.

Жената попладнево била приведена и надлежен јавен обвинител, постапувајќи според член 201 од Законот за кривична постапка и одредил 30 дневен притвор. Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две деца. Трите деца и жената се од Аеродром. Приведена е околу 17:30 часот, а случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката Дежаву, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.

Турција почна да ги враќа бегалците во Сирија на територијата на избрканите Курди

Турција објави денеска дека стотици раселени Сиријци за прв пат се вратиле во „безбедносната зона“ , област во северо-источна Сирија од која Анкара ја избрка курдската милиција поддржана од западните земји.

Скоро 200 луѓе, кои избегале на запад кон Сирија во област под турска контрола, „се вратиле во своите домови, доброволно и безбедно“, се наведува во изјавата на турското Министерство за одбрана.

Овие лица отишле на подрачјето меѓу сириските градови Тал Абџад и Рас ал-Аин, од каде Анкара ги избрка Курдите во борби со милицијата на Курдските народни сили за заштита (YPG) минатиот месец.

Областа, долга околу 140 км и со ширина од 30 км, Турција ја нарекува „безбедносна зона“.

Турското Министерство за одбрана додаде дека околу 300 дополнителни бегалци досега се преселиле во Тал Абџад од Џарабулус.

Турција ја прекина својата офанзива започната во октомври против КПГ, по склучувањето на двата договори со САД и со Русија, кои предвидуваат повлекување на КПГ од повеќето гранични позиции со Турција.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да пресели 2 од повеќе од 3,5 милиони Сиријци кои избегаа во Турција од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.

Илјадници португалски полицајци излегоа на протест – бараат повисоки плати (ВИДЕО)

Илјадници португалски полицајци и жандарми протестираа по улиците на Лисабон и побараа зголемување на платите , а воедно предупредија за недостиг на персонал.

Кон крајот на попладневните часови, полицајците тргнаа кон зградата на парламентот, носејќи транспаренти на кои бараат „фер плати и пристојни услови за работа“, пренесе АФП.

Тоа е првото поголемо социјално движење од победата на социјалистичката влада и парламентарните избори во октомври.

Социјалистичката влада на премиерот Антонио Коста веќе се соочи со бран протести од страна на повеќе категории работници минатата зима, разочарани што политиката не се движи кон зголемување на куповната моќ по долгогодишното штедење и економска криза.

Полицајците предупредуваат на „постојаната неподвижност“ на владата во однос на условите за исплата на плати и пензии, објасни претседателот на Унијата на полициски професионалци, Пауло Родригез.

„Министрите останаа исти и ништо значајно не се смени за последните четири години, така што ова создава нестабилност и неефикасност на нашите тимови“, рече првиот човек на главниот полициски синдикат, кој претставува скоро половина од околу 20.000 полицајци во Португалија.

притисни ентер