Изминатото деноноќие 15 сообраќајки во Скопје, возач на мотоцикл тешко повреден

 Возач на мотоцикл  бил тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден

. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле седум лица, а во осум била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 24 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не носење сигурносен појас, како и 28 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 97 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак", отстранети биле 66 возила.

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец"

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец" и подигнати пешачки платоа во близина на основите училишта и градинките во општина Центар

Општина Центар од денеска започнува со имплементирање на нови сообраќајни решенија на повеќе локации во општината. Во тек е изведба на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на детските градинки и општинските основни училишта.

– Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре", „Апостол Гусларот" и улицата „9 Мај", во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци", матичниот објект на градинката „13 Ноември" и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин", известуваат од Општина Центар.

Дополнително ќе бидат изведени и други шест пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта, а ќе биде поставена и нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Овие зафати се изведуваат со целосна сообраќајна проектна документација, што е одобрена од СВР Скопје и Град Скопје, наделжни институции за оваа проблематика.

Од општината информираат дека изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот.

„Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа", истакнаа од Општина Центар.

Покрај ова, општината го најави и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец". Поради оштетувањата на знаците, после десет години, во реонот на ТЦ „Буњаковец" ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

„Фајзер“ и „Модерна“ побара итна одобрување на нивните вакцини

Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ поднесоа барање за ургентна авторизација на нивните вакцини со цел дистрибуцијата на истите да почне во најбрз можен рок .

Откако ќе добијат зелено светло од властите, вакцините ќе бидат доставени до секоја сојузна држава а предност при вакцинирањето ќе имаат луѓето со хронични болести и здравствените работници.

Досега во Соединетите држави се регистрирани над 13 милиони случаи заболени од коронавирус а животот го загубија околу 275.000 лица.

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба.

Предлогот ќе биде доставен до Собранието кое треба да донесе одлука за тоа.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември што трае до 19 декември. Ако биде усвоено владиното барање, кризната состојба би била продолжена до средината на јуни следната година.

притисни ентер