Стотици фанови со часови чекаа за да ја купат старата облека на пејачот Крис Браун (ВИДЕО)

Познатиот американски пејач преку социјалните медиуми најави дека во дворот на неговата куќа ќе ја продава својата стара облека , што предизвика невиден метеж и километарски колони .

Стотици фанови чекаа во ред за да купат носена дизајнерска облека во куќата на Крис Браун. Американскиот пејач објави дека ќе ја продава облеката и додатоците по намалена цена преку социјалните мрежи.

Браун претходно доби пет години условна казна и наредба за општествено корисна работа поради нападот над  Ријана, која во тоа време беше негова девојка.

Ријана ризикува да биде блокирана на Инстаграм поради ,,жешки” фотографии

Откако Инстаграм еднаш и го блокира профилот поради разголени фотографии, Ријана уште еднаш ризикува да биде блокирана со објавување на низа жешки фотографии од базен.

„Проблеми на Fenty.com“, напиша Ријана со фотографијата на која носи минијатурно бикини и раскопчана кошула во форма на Франкенштајн. Патем, Фенти е моден бренд, промовиран од Ријана од 2017 година и нејзината прва колекција стигна на пазарот во мај оваа година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#trouble on FENTY.com

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

„Сестро, стоп“, „Се за љубов“, „Ова е сè“, „Каква дојка“, „Ако само јас бев во тој базен“, „Најдобри гради во бизнисот“, коментираа нејзините следбеници  , а се јавија и многу познати луѓе како Бела Хадид или Снуп Дог.

Новиот електричен Фолксваген со вселенска визија само за САД (ФОТО)

Фолксваген одамна не се плаши од Америка и сега и посвети уште една новина.

Тоа е седмиот во низата концепти на платформата MEB, но и втор со префиксот ИД. Space Vizzion , се разбира е со електричен погон. Во моментов има еден мотор од 275 КС кој се наоѓа во задниот дел, но идејата за верзијата AWD е отворена.

Во тој случај, во предниот дел би бил инсталиран друг електричен мотор, додека вкупната моќност би се зголемила на 340 КС. Батериите се 82 kWh и достигнуваат 590 км на WLTP. Најголемата брзина е ограничена на 175 км на час, додека спринтот до 100 трае околу 5 секунди.

Вреди да се спомене дека овој хибриден караван и кросовер VW има 4958 mm во должина, 1897 mm широк и 1529 mm висок, додека тркалата се со дијаметар до 24 инчи за подраматичен изглед. И да, аеродинамиката е одлична - има коефициент на лизгање на воздухот од 0,24.

Возилото нема рачки на вратите, кои се отовраат на допир преку светлосна маска. Внатре има најсовремен дигитален кокпит и главен дисплеј со AR технологија.

Сериското производство е потврдено во Фолксваген и почнува од крајот на 2021 година. Изведбата на автомобилите од сериско  производство, наводно, ќе биде многу слична, но веројатно без електричните скејтборди во багажникот.

Во Германија се бараат носачи на ковчези

Носачи на мртовечки ковчези е професија во изумирање во Германија , па празните емста ги поплнуваат пензионери и студенти , додека никој не сака да ја работи оваа работа.

,,Нивниот недостиг сè уште не предизвикало одложување на погреб, изјави Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници на Северна Рајна-Вестфалија.

,,Порано беше вообичаено пријателите или роднините да ја преземаат оваа задача додека семејствата живееја близу.Сега се ангажираат пензионери или студенти кои сакаат да заработат екстра пари како носачи на ковчези, рече Јегер.

Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребна компанија во Дортмунд. ,,Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќиња и ковчегот, шестмина носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.”

Во Германија погребните компании не ангажираат свои носачи затоа што финансиски не им се испалтува.

Покрај тоа, бројот на полагање урни по кремирање значително се зголеми за околу 70 проценти, соопшти Федералната федерација на германски погребници. Во овие случаи, урната обично ја носи свештеник или член на семејството , поради недостиг на вработени носачи.

притисни ентер