Северина ќе се шокира кога ќе дознае што за неа зборува Карлеуша

Јелена Карлеуша во интервју за српските медиуми , откако со години ја навредуваше Северина , сега ја фали.

Јелена почна со споредба на пејачката Маја Беровиќ , која се сликала на истиот мост како Северина пред неколку месеци.

"Дозволете ми да кажам само неколку зборови за Северина. Мислам дека во целина, што се однесува до модата, никој да не се лути. Јас ќе бидам сурово искрена, но Маја Беровиќ нема што да бара да се споредува со некој кој има многу повеќе вкус", започна Карлеуша и продолжи:

"Северина е една од ретките жени што навистина знае да се облекува соодветно за неа. Не да носи она што е тренд, туку да го прилагоди трендот кон себе, така што изгледа дека го рефлектира тој тренд, а не спротивното и тоа е многу важно за мене. Честопати се инспирирам од Инстаграмот на Северина. Гледам што да облечам“.

Новинарот Видиќ од порталот Телеграф додаде дека Северина треба да биде додаток на Вог за балканскиот пазар.

Grand-E 😉

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

"Мене ми е одлична! Мислам дека таа изгубила поголема тежина отколку што треба, но од друга страна, тоа е мода за мене. Јас би претпочитала таа да биде потенка отколку да има проблеми со тежината", рече Карлеуша во интервјуто во кое ја фалеше Северина Којиќ , иако јавноста знае дека до неодамна ја навредуваше . Но , ги спои битката против лагите за нив во дел од српските медиуми. Така на прашањето дали и натаму е во брак со Душко Тошиќ , Карлеуша одговори потврдно и додаде ,, Српските медиуми веќе објавија дека се разведовме, дури го поделија нашиот имот и доделија алиментација за децата. Во правна држава тоа нема да може да се случи , а уредникот ќе добие повеќемилионска пресуда. “, рече таа.

Само до неодамна истите медиуми јавуваа за вистинска војна меѓу Северина и Карлеуша , што почна пред повеќе од три години.

ДЗС: Најголем број слободни работни места во услужните дејности и продажба

Во третото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала стапка од 0.17 % бележат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.44 отсто.

Податоците на ДЗС Источниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.11 проценти.

Децата на Марадона во битка за неговото наследство

На повидок е класична латино сапуница со многу епизоди, патетитка и немилосрдно сплеткарење околу богатството на Марадона што се цени на 75 милиони долари.

Во војната се впуштаат пет признати деца на Марадона но и шест чии мајки тврдат дека се од тајните врски со аргентинецот.

Специјализирани портали што се занимаваат со парите на славните тврдат дека марадона има потрошено над 500 милиони долари но дека сепак остава прилично добра сума.

Истите медиуими тврдат дека најагресивни во приграбувањето на парите ке бидат трите признати кекрки Далма, Џанина и Јана.

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец"

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец" и подигнати пешачки платоа во близина на основите училишта и градинките во општина Центар

Општина Центар од денеска започнува со имплементирање на нови сообраќајни решенија на повеќе локации во општината. Во тек е изведба на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на детските градинки и општинските основни училишта.

– Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре", „Апостол Гусларот" и улицата „9 Мај", во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци", матичниот објект на градинката „13 Ноември" и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин", известуваат од Општина Центар.

Дополнително ќе бидат изведени и други шест пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта, а ќе биде поставена и нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Овие зафати се изведуваат со целосна сообраќајна проектна документација, што е одобрена од СВР Скопје и Град Скопје, наделжни институции за оваа проблематика.

Од општината информираат дека изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот.

„Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа", истакнаа од Општина Центар.

Покрај ова, општината го најави и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец". Поради оштетувањата на знаците, после десет години, во реонот на ТЦ „Буњаковец" ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

притисни ентер