Кина потврди дека почнала да работи на 6G технологија

Кина и официјално почна со истражувања на шестата генерација на мобилен интернет - 6G.

Кинеското Министерство за наука и технологија синоќа објави дека формирала работна група за работа на 6G.

„Ова значи официјален почеток на истражувањата и развојот на 6G технологијата“, се наведува на веб-страницата на министерството.

Работната група ја сочинуваат 37 експерти од универзитети, истражувачки институти и компании.

Истражувањето започнува кога Кина почна да ја применува 5G, што овозможува 100 пати побрз проток од постојната 4G.

Кинеската компанија Хуавеи, која важи за светски лидер во 5G опрема, е дел од истражувањата на 6G, соопштиле од  компанијата за агенцијата Прес Франс.

притисни ентер