Илон Маск го потврди доаѓањето на новиот модел на Тесла (ФОТО)

Во премиерата на новиот мосдел на Тесла се вклучи и лично Илон Маск , и го поврза новиот кодел со вселената и научната фантастика.

По лансирањето на Roadster во вселената, новиот модел го доби името Cybertruck, а еден од најголемите класици на жанрот, Блејд Ранер, беше искористен за да го најави.

Денот на премиерното претставуцвање е 21 ноември, во фабриката „SpaceX“ во близина на Лос Анџелес.

И за неговиот електричен камион, Муск повторно даде огромно ветување. Исто како што рече дека Model 3 ќе биде подобар од BMW 3 серијата, тој сега изјави дека камионот на Tesla ќе биде подобар од Ford F-150, најпопуларниот и најпродаван камионет во историјата.

Маск не застана тука, и вели дека ќе биде подобар на пат и од Порше 911 со дострел до 800 км. Во него ќе може да се возат шест лица и да повлече над 130 тони. И најдобро од се, беше објавена цената на ова чудо од 50.000 американски долари.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер