Распориле огромна ајкула и во утробата нашле човечка рака со бурма

Локалната полиција на францускиот остров Реунион смета дека знае чија е раката со бурма , најдена во утробата на ајкула, долга три метри.

Се верува дека ајкулата изела шкотски турист (44), кој исчезнал минатиот викенд додека летувал на францускиот остров Реунион, бидејќи неговата рака е пронајдена во утробата на ајкулата, пренесува „Дејли мејл“.

Шкотланѓанецот, кој дошол со својата сопруга на седумдневен одмор на Реунион, исчезнал во саботата кога сам отишол да плива во лагуната Ермитаж, сместена во близина на Сен Џилс.

Кога Скот не се вратил од пливањето, неговата сопруга ги алармирала безбедносните служби кои веднаш тргнале во потрага по човекот. "Нуркачи, чамци и хеликоптер ја пребараа областа околу коралниот гребен во близина на местото каде пливал. Областа во околината беше пребарана и со помош на кучиња трагачи. За жал, едноставно не можевме да го најдеме човекот", изјавил извор вклучен во потрагата.

Кога оваа ајкула и четири други риби беа убиени оваа недела, била извршена обдукција на нивните трупови и тогаш е пронајдена шака во утробата на ајкулата , а на неа имало венчален прстен.

„Се сомневаме дека пронајдената шака му припаѓа на туристот чие исчезнување го пријави неговата сопруга во саботата попладне“, изјави изворот.

Големите бели ајкули и тигрести ајкули кои пливаат околу Реунион, остров во Индискиот Океан 800 км оддалечен од Мадагаскар, честопати ги напаѓаат луѓето.

Откриената шака ќе биде подложена на ДНК-анализа, меѓутоа, научниците кои работат за Центарот за безбедност на ајкули CSR во Реунион велат дека прстенот на шаката одговара на описот на прстенот даден од сопругата.

Мртвата ајкула- тигар во која е пронајдена шаката на човекот, е една од петте ајкули што им се заканувале на капачи околу Реунион, и била долга повеќе од три метри.

Проблемот со ајкулите околу Реунион е толку сериозен што францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец изјави за време на посетата на островот дека неговата влада прави сé што може за да се справи со проблемот.

Нападот врз Шкотланѓанецот е 24 -ти напад на ајкула во водите околу Реунион од 2011 година до денес. Единаесет од овие напади завршија фатално.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер