Западен Балкан, тема на средбата Варвициотис – Палмер

Европската перспектива на Македонија и Албанија биле во фокусот на разговорите на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтидис Варвициотис со заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер.

– Дискусијата беше насочена кон случувањата на Балканот и во поширокиот регион. Посебен акцент беше ставен на прашањето за проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, по недонесувањето одлука за почеток на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија на неодамнешниот Европски совет, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението се додава дека Палмер на средбата „го препознал придонесот на Грција како фактор на стабилност", како и водечката улога што земјата може да ја игра во регионот.

– Беа дискутирани и начините на кои може да се зајакне лидерската улога на Балканот, со посилно присуство на политичко и економско ниво, се додава во соопштението.

Алтернативниот министерот за надворешни работи на Грција при тоа ја истакнал клучната улога што Солун може да ја игра во регионот како „престолнина" на Балканот.

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Метју Палмер од вторникот престојува во посета на Атина, при што, како што вчера објави МИА, се сретна со министерот за животна средина и енергија на Грција, Костис Хаѕидакис и со претставници на опозициската  партија СИРИЗА./MИА

Бојко Борисов со закана до Македонија: Да заборавите дека Бугарија е фашистички окупатор!

Малку му беше ова, па дополни и дека не само што треба да заборавиме, туку и да почнеме да веруваме дека Бугарија не била на страната на фашизмот овде во Македонија во Втората светска војна!

Коментарите но и статусите на социјалните мрежи на интелектуалците во нашата земја, се во насока на „шок и неверување“.

Едноставно, никому не му е јасно до каде ќе оди ова недобрососедско однесување на официјална Софија, која почнува да ја „злопотребува“ нашата ЕУ и НАТО аспирација.

Претходно, властите во Бугарија усвоија декларација со која ни забрануваат нашиот , македонски јазик, да го именуваме како што е врпочем и кодифициран во ОН!

До каде ќе одат овие раскошни „добрососедки“ односи и пораки од официјална Софија?

Треба ли да крикнеме - аман  Бугарија, не не „брани“ повеќе ?

ВИДЕО: изјавата на Бојко Борисов
 

30 дена притвор за негувателката , која претепа детенце во игротека (ВИДЕО)

Судот и одреди 30 дена притвор на негувателката , која утрово претепа 2- годишно дете во игротеката ,,Дежа ву” во скопски Аеродром.

Жената попладнево била приведена и надлежен јавен обвинител, постапувајќи според член 201 од Законот за кривична постапка и одредил 30 дневен притвор. Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две деца. Трите деца и жената се од Аеродром. Приведена е околу 17:30 часот, а случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката Дежаву, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.

Турција почна да ги враќа бегалците во Сирија на територијата на избрканите Курди

Турција објави денеска дека стотици раселени Сиријци за прв пат се вратиле во „безбедносната зона“ , област во северо-источна Сирија од која Анкара ја избрка курдската милиција поддржана од западните земји.

Скоро 200 луѓе, кои избегале на запад кон Сирија во област под турска контрола, „се вратиле во своите домови, доброволно и безбедно“, се наведува во изјавата на турското Министерство за одбрана.

Овие лица отишле на подрачјето меѓу сириските градови Тал Абџад и Рас ал-Аин, од каде Анкара ги избрка Курдите во борби со милицијата на Курдските народни сили за заштита (YPG) минатиот месец.

Областа, долга околу 140 км и со ширина од 30 км, Турција ја нарекува „безбедносна зона“.

Турското Министерство за одбрана додаде дека околу 300 дополнителни бегалци досега се преселиле во Тал Абџад од Џарабулус.

Турција ја прекина својата офанзива започната во октомври против КПГ, по склучувањето на двата договори со САД и со Русија, кои предвидуваат повлекување на КПГ од повеќето гранични позиции со Турција.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да пресели 2 од повеќе од 3,5 милиони Сиријци кои избегаа во Турција од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.

притисни ентер