Град Скопје: Дипломатите ќе добијат блокатори ако не паркираат прописно

Град Скопје нема повеќе да ги толерира дипломатските возила кои не се прописно паркирани.

 Од таму наведуваат дека сите странски претставништва во земјава се информирани и дека од сега натаму ќе треба возилата да ги паркираат исклучиво на предвидените паркинг места низ градот, додавајќи дека сите дипломатски возила кои се непрописно паркирани ќе имаат ист третман како и сите други возила од страна на ЈП „Градски паркинг“

„Контролорите на ЈП „Градски Паркинг“ секојдневно се соочуваат со непрописно паркирани возила со дипломатски таблички. Град Скопје стои на ставот дека законите треба да важат за сите, а и во Виенската конвенција за дипломатски односи се наведува дека дипломатските претставници треба да ги почитуваат локалните закони и прописи.“   - велат од Град Скопје.

Во Скопје свои амбасади или конзуларни претатвништва имаат педесетина држави, а во секоја има по десетици возила. Досега тие важеа за заштитени мечки, па ниту се казнуваа за непрописно паркирање, ниту за другите видови сообраќајни прекршоци

Инаку, минатава недела пајакот кренал 288 непропсино паркирани возила, а контролорите на паркинзи напишале и казни за 488 возила кои не платиле за услугата...

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер