Фото: Електричен Мустанг со мануелен менувач

Форд за автомобилскиот саем во Лас Вегас  подготви спектакуларна верзија од Мустанг.

Наречен Мустанг Литиум, се работи за електрична верзија со батерија од 800 волти. Овој Мустанг може да развие дури 900 коњски сили.

Форд за сега не ги открива другите спецификации како автономијата и забрзувањето, имајќи предвид  дека се работи за прототип.

Освен силата, овој светло сив Мустанг со сини „електрични“ детали е подеднакво интересен и во внатрешноста во која доминира 10,4 инчен екран на допир.

Интересен детаљ е дека силата се пренесува преки мануелен менувач, иако електричните возила се карактеристични по тоа дека имаат трансмисија со само една брзина. Или можеби две како Порше тајкан, што значи дека нема потреба од било каков менувач.

Меѓутоа, каква е таа спортска „ѕверка“ без мануелен менувач, дури и во САД.

притисни ентер