Силно невреме направи хаос во Црна Гора (ВИДЕО)

Силно невреме со дождови и ветришта ја зафати денеска Црна Гора и предизвика поплави , одрони и историски високо ниво на реките.

Силното невреме, проследено со пороен дожд и југоисточен ветер што денеска ја зафати Црна Гора , создаде проблеми во сообраќајот, поплавени се бројни објекти, а локалните служби за заштита и спасување интервенираат на теренот од раните утрински часови. Во најтешка состојба се градовите Никшиќ и Колашин на северот на Црна Гора, како и Херцег Нови на јадранскиот брег.

Во Никшиќ, заради излевање на реките, спасувачите го евакуираат селото Брочанац, додека сообраќајот во некои градови од тој втор по големина град во Црна Гора е во прекин.

Пожарникарот Душко Пековиќ за Јавниот сервис изјави дека припадниците на безбедносната служба биле на терен од 4 часот наутро и имале голем број интервенции.

„Луѓето се јавуваат од сите страни, заглавени или со поплавени подруми. “, рече Пековиќ.

Најтешка состојба во Колашин е во сливот на реката Бистрица, каде што се поплавени мостовите. Водата, според извештаите на медиумите, им се заканува на објектите, додека десетици веќе се под вода. Патот од Подгорица до Колашин, најфреквентниот пат кон северот на Црна Гора, е затворен поради лизгање на земјиштето и поројните води.

Во Херцег Нови, поројниот дожд, кој нападна 90 литри на метар квадратен за два часа, ги поплави улиците и јавните места. Одговорните за итни случаи во општината Херцег Нови добиваат повици за интервенции, претежно од граѓани чиишто приземни објекти се поплавени.

Поради силниот јужен ветер, два крузери се откажаа од влезот во пристаништето Котор. Ситуацијата во заливот на Котор на моменти беше опасна, бидејќи силните ветрови, според подгоричките медиуми, предизвикаа т.н. „орање на сидрото“ по морското дно, поради што 300 метри долгиот крузер се движел неконтролирано. Во Подгорица, нивото на водата на реката Морача се искачи на три и пол метри за 12 часа и е на два метра над историскиот максимум.

Секторот за итни случаи на црногорското Министерство за внатрешни работи издаде предупредување дека може да дојде до поплавување на бреговите на езерото Скадар и реката Бојана поради најавени силни дождови во Албанија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер