Камен-темелник за изградба на дом на култура во Камењане

Министерот за култура Хусни Исмаили и градоначалникот на општина Боговиње Албион Џемаили поставија камен-темелник за изградба на дом за култура во селото Камењане.

Инвестицијата е вредна  околу 33, 2 милиони денари, од кои 25 милиони се од Министерството за култура, а останатите се од Општина Боговиње. Основниот проект е изработен од „Идеа груп" од Тетово.

-Овој дом на културата што денеска почнуваме да го градиме, убеден сум дека ќе стане централно место во Боговиње каде што сите креативни луѓе од регионот ќе имаат можност да ги реализираат своите потенцијали и на тој начин да придонесат кон намалување на разликите помеѓу градот и локалната самоуправа, истакна министерот Исмаили.

Изградбата на објектот е помогната преку Програмата на Владата на Република Македонија за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година .

-Овој дом ќе служи за различни културни активности, со надеж дека културата ќе влијае на подигање на културната свест и за развој на здраво општество, рече градоначалникот Џемаили./МИА

притисни ентер