71-годишниот Ричард Гир повторно ќе стане татко!!

Само девет месеци откако по втор пат стана татко, славниот актер Ричард Гир повторно има причини за славење, неговата сопруга Алехандра Силва е бремена.

Ричард и Алехандра имаат сопствени деца од претходните бракови. 71- годишниот актер е татко на Хомер Џејмс Џигма која има 19 години, а Алехнадра е мајка на шестгодишниот Алберт.

Пред откривањето на претходната бременост, Алехaндра на Инстаграм објави фотографија на која таа и сопругот позираат со Далај Лама, која со раката нежно го допира нејзиниот стомак за да го благослови нероденото бебе.

-Не можевме да објавиме дека бебето доаѓа пред за тоа да му кажеме на Далај Лама, напишала Алехaндра.

Инаку, мегапопуларниот актер Ричард Ги и Алехандра Силва започнале врска во 2014 година, судбинското „ДА“ го кажале во април во 2018 година на ранчот на славниот актер кој се наоѓа крај Њујорк.  

Драстична промена: Тања Савиќ стана русокоса

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања.

Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

притисни ентер