Дневен хороскоп за 6. ноември 2019 година

Дневен хороскоп за среда, 6. ноември 2019 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете кон својот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатност убаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Пресуда на суд во Франција: Патките може да квакаат колку сакаат ! (ВИДЕО)

Патките на мала француска фарма можат да продолжат да се квакаат, пресуди судот во Франција и ја отфрли тужбата од сосед кој се жалел дека звукот на патките му го направил животот мизерен.

Судот во градот Дакс донесе пресуда дека бучавата произведена од шеесет патки и гуски на пензионираниот земјоделец Доминик Дуте во подножјето на Пиринеите во југозападна Франција е во прифатливи граници, јави телевизијата Франс 3.

„Патките победија“, изјави Дуте за Ројтерс.

„Многу сум среќен затоа што не сакав да ги уништам патките“, истакна тој.

Судската жалба е поднесена од соседот, кој се преселил пред една година на имот оддалечен педесетина метри од фармата.

Спорот е последен во серијата судски случаи во кои се прави обид да се поткопа традиционалниот начин на живот во рурална Франција и да се заменат со модерни вредности, за кои се обвинети локалните жители од новодојденците.

Пред два месеци, судот му дозволи на петелот Морис да кукурика в зори и покрај поплаките од соседите кои исто така се доселиле од град на село.

Поголем луксуз не може да се замисли – Мајбах го претстави најновиот СУВ (ВИДЕО)

Заменскиот бренд на Мерцедес , задолжен за луксузни изданија , има нов модел и тоа супер луксузно возило во сегментот на големи спортско урбани возила (СУВ).

Со полно име Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC, ова е нова мешавина на дизајнерскиот концепт на SUV со онаа на крајниот луксуз, досега регуларно резервирана за лимузини.

Трендовите очигледно се менуваат, па откако „Бентли“, „Ролс-Ројс“ и сличните излегоа со луксузни модели, а BMW објави најава, не чекаа многу ниту од Мерцедес.

Она што GLS сега треба да го понуди е луксуз со висок квалитет. Возилото најдобро е илустрирано преку споредбата со летање во удобен салон. Електрично управуваните ролетни ја диктираат количината на контакт со околината, а програмата за суспензија на Мајбах нуди супериорна удобност при возењето. Панорамското лизгање / вртливиот подвижен покрив е исто така електрично управуван, како и климатизираните седишта за масажа.

Фиксната централна конзола го претвора автомобилот во простран четворосед, а задниот дел е подеднакво погоден за работа и релаксација.

Достапен е со можност за проширување, поместување маси и ладилник за шише шампањ. Се разбира, во понудата има сребрени чаши. И тоа не е сè, создаден е соодветен мирис како дел од дополнителниот пакет Air Balance: бел османт (маслинов цвет) , миризлив и лесен, заокружен со мека кожа нота и чај, велат од Мерцедес.

Непотребно е да се каже, моделот отскокнува  и со деталите на надворешниот дизајн. Sвездата на Мерцедес ја украсува хаубата на класичен начин, додека вертикалните хромирани шипки за решетката на радијаторот Мејбах создаваат шарен ефект. Покрај тоа, има хромирани детали и тркала со дијаметар од 23 инчи.

Под хаубата е познатиот 4.0 V8 мотор, специјално подготвен за новата улога. Испорачува 558 КС и 730 Nm и е комбиниран со електричен систем за напојување со моќност од 48 волти. Да, овој џин долг 5,2 метри не вози брзо, но добро е да се знае дека може. Достигнува 100 км на час за 4,9 секунди, и вози до 250 км на час.

Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC ќе се појави на пазарот во втората половина на 2020 година. Цената засега не е позната.

Поради ретко пореметување , германски овчар ќе остане мало кученце (ВИДЕО)

Германскиот овчар Ранџер има две години, но според изгледот никој не би можел да поверува.

Кучето од Аризона се заразило со паразитот Giardia, а откако се опоравило, на сопствениците не им било јасно зошто не се развива како другите кучиња од неговиот вид.

Тој сега е возрасно куче според возраста, но поради реткото генетско нарушување, тој ќе изгледа како кученце цел живот.

"Кога го добивме Ранџер од одгледувачот, тој беше помал од сите други во леглото. Наскоро сфативме дека тоа е резултат на паразит. Ветеринарот се сомневаше дека може да има џуџеста хипофиза, генетска мутација, но сепак бевме скептични бидејќи состојбата беше многу ретка. “, изјави сопственикот Шелби Мајо, за американските медиуми.

На крајот, се покажа дека ветеринарот е во право.

Иако неговата состојба го прави најслаткото кученце на светот, Ренџер од неодамна има и други здравствени проблеми, како што се опаѓање на крзното и флеки по кожата.

Како и да е, тој има среќен живот, па дури и стана sвезда на Инстаграм, каде дури 68.000 луѓе го следат на неговиот профил.

притисни ентер