И Македонија со последици од глобалната рецесија во автомобилската индустрија

Трендот на глобалната рецесија во автомобилската индустрија ќе се почувствува и кај компаниите во земјава кои работата во оваа област како добавувачи.  

Според тоа за колку е намалена продажбата на автомобили проценките се дека ќе се намали обемот на работа а со тоа и обемот на извозот за околу 3 до 5% во споредба со лани но засега воопшто не се размислува за отпуштања на вработени децидни се од асоцијацијата на странски компании кои имаат технолошки напредно производство кои главно се сместени во технолошко индустриски развојни зони.

Глобалната рецесија и намалена продажба на нови автомобили е процес заради кој изминатава година се продадени 4,3 милиони автомобили помалку во однос на претходната година, процес кој е најизразен во Кина и Индија. Главни причини за ова се трговската војна меѓу Кина и Америка и несигурноста која таа ги носи, Брегзитот, промените на регулативите околу дизелите, електрификацијата на автомобилите и слично. Во земјава има околу 30 фабрики кои се странски инвестиции поврзани со автомобилската индустрија кои вработуваат 25 до 30 илјади луѓе и првата нешто повеќе од 50% од вкупниот извоз на Македонија.

Неколкумина приведени и 50 осомничени за детска порнографија по рацијата на италијанската полиција

Италијанската полиција започнала голема рација во 15 региони против лица осомничени за вмешаност во детска порнографија.

Според новинската агенција „Анса“, извршен е претрес во домовите на 50 осомничени на возраст од 19 до 55 години, за време на кои биле уапсени најмалку три лица. Еден осомничен е веќе во притвор.

Инспекторите, чија работа е координирана од градските власти во Торино, испитуваат поседување и размена на детска порнографија и ја испитуваат злоупотребата на малолетни лица.

Претходно познат случај им помогнал на властите да ја прошират мрежата на осомничени, пренесува Анса.

Според извештаите на медиумите, истражителите имаат ужасни слики од злоупотребени деца. Осомничените, наводно, ги разменувале меѓународно преку интернет платформи.

За време на неколкумесечната истрага, италијанското судство соработувало и со канадскиот координативен центар за спречување на злоупотреба на деца (NCECC).

Стапија на сила уставните измени – Путин сега може да владее до 2036 година

Промените на Уставот на Русија, вклучително и амандманот што ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да управува со земјата до 2036 година, стапи денеска на сила, откако беа потпишани од Путин.

Гласачите со големо мнозинство ги поддржаа уставните измени донесени по гласањето во средата. Скоро 78 проценти од гласачите кои учествувале на референдумот ги поддржаа уставните измени.

Кремљ резултатот го нарече триумф, додека критичарите го сметаат референдумот за нелегален и нелегитимен. Независната агенција оцени дека гласањето во најголем дел било обележано со неправилности.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа не била набљудувач на референдумот, како што е случајот и со изборите во Русија.

Европската унија побара од Русија да ги испита тврдењата за нерегуларности во гласањето, вклучително и обвинувања за повеќекратно гласање и принуда.

Покрај тоа што измените во Уставот да му овозможат на Путин уште два мандата, до 2036 година, доколку тој победи на изборите, на сите поранешни руски претседатели ќе им се даде имунитет од гонење.

Исто така, според новиот устав, бракот ќе се дефинира како заедница на маж и жена, рускиот јазик го доби своето место во Уставот, а се споменува „вербата на Русите во Бога“, но земјата ќе остане секуларна држава.

Забрането е да се даде руска територија на други земји, кои аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим.

Измените го оневозможуваат противникот на рускиот претседател Алексеј Навални да се кандидира за највисоката политичка функција следните 15 години, бидејќи секој претседателски кандидат мора да живее во Русија најмалку 25 години.

Протести пред најголемата германска кланица , каде што работат и македонски граѓани (ВИДЕО)

Демонстрантите го блокираа пристапот до фабриката за месо во Тонис, која што се најде под удар последните неколку недели поради нехуманите услови во кои работат работници од Источна Европа, што придонело до појавата на коронавирус во регионот.

„Затворете ја месната индустрија“ и „Престанете да ги искористувате луѓето, животните и природата“, пишува на транспарентот, што активиститре го поставија на покривот на фабриката. Во исто време, околу стотина луѓе протестираа пред зградата.

Протестите ги ораганизира сојузот „Заедница против месната индустрија“, која повика на трајно затворање на најголемата фабрика и кланица за преработка на месо во Европа, во која што работат и македонски државјани и живеат во нехумани услови , пренесоа германските медиуми.

Фабриката е затворена неколку недели откако се појави ново жариште на коронавирус, најмногу меѓу работниците од Источна Европа кои работат во германската месна индустрија во лоши услови.

Поради наглото зголемување на бројот на заразени во округот Гитерслох, каде се наоѓа фабриката, повторно се воведени посебни мерки и стотици работници во кланицата, се во карантин.

Овој случај повторно ги разгори дискусиите за работните услови во германската месна индустрија, каде што месарите од Источна Европа, главно Романија и Полска, се вработени во голем број и со пониски плати.

Денес, премиерот на Баварија, Маркус Соудер, повика на промена на пристапот во прехранбената индустрија и промена на помалите сточарски фарми и поодржливо земјоделство.

„Одговорот на тековните проблеми може да биде земјоделска екологија наместо земјоделски капитализам“, рече Содер во видео пораката.

притисни ентер