Венцислав Недев примен во куќата на славните на Светската фудокан федерација

Селекторот и тренер на македонската карате репрезентација  Венцислав Недев денеска во рамки на Светскиот фудокан шампионат во Штудгарт, Германија официјално е примен во куќата на славните на Светската фудокан федерација. 

Сертификатот за прием во куќата на славвни Венцислав Недев го примил од рацета на  проф. д-р Илија Јорга 10 дан, основач и претседател на светската фудокан карате федерација.

Венцислав Недев ова меѓународно признание го добил поради големиот  придонес во развојот на светското карате и фудокан карате стилот.

притисни ентер