Даниел Крег побогат и од Џејмс Бонд

Популарниот холивудски актер Даниел Крег е побогат од тајниот агент 007.

Крег досега глумел во четири филмови за агентот Џејмс Бонд, неговиот петти филм за тајниот агент 007 „ No Time to Die" ќе се појави 2020 година.

Во првиот филм во кој Даниел Крег беше Џејмс Бонд, „Казино Ројал“ во киносалите се појави во 2006 година и заработи неверојатни 599.045.960 долари, со што ја оствари најголемата заработка во франшизата, се додека во 2012 година продолжението „ Skyfall" не го надмина со заработка поголема од една милијарда долари.

По улогата на Џејмс Бонд богатството на Даниел Крег значително се зголеми . Во 2015 се најде на листата на Форбс какао најплатен актер со заработка од 27 милиони долари за филмот „ Spectre". Беше меѓу најплатените актери и во 2012 и 2015 година.

Додека заработувал по 25 милиони долари по филм за Џејмс Бонд, во 2016 година по снимањето на „ Spectre" се шпекулираше дека Даниел Крег добил понуда од 150 милиони долари да сними уште два филма за тајниот агент 007.

По последниот филм за Џејм Бонд „ No Time to Die", Крег ќе биде третиот актер по Роџер Мур и Шон Конери кој најдолго се појавувал во улогата на познатиот агент во франшизата.

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави предизборна коалиција наречена „За твоја Македонија“

Коалицијата „Обнова за Македонија“ стана „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше соработката со 24 политички партии и организации со кои потпишаа договор за стратешко коалицирање за претстојните избори.

На досегашните традиционални коалициони партнери се приклучија Достоинство на Стојанче Ангелов, Демократски сојуз на Павле Трајанов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Македонски Концепт на Петар Богојески и новоформираната бошњачка партија на Сафет Бишевац. Дали сепак некој од нив ќе добие пратеничко место на изборните листи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски не откри со најава дека ќе се знае утре на промоцијата на кандидатите, иако од партијата во неколку наврати посочија дека новите коалициони партнери нема да се најдат на листата со кандидати за пратеници. Мицкоски рече дека коалицијата се обврзува за реализација на партиската програма, каде приоритет ќе бидат економијата, борбата со корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

-Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски смета дека во СДСМ се свесни дека на претстојните избори ќе претрпат пораз, а според информациите кои тој ги има веќе во штабот на Бикаќка се лицитирало со бројки за тоа колку со колку пратенички места ќе загубат на изборите.

„ Номрлано е дека Ковачевкси ќе се обиде да најде начин да го мобилизира своето членство. Јас не очекувам дека тој сега ќе излезе ќе развее бело знаме предадени сме завршена е работата иако во тие меѓупартиски состаноци јасно им е и на нив и си кажуваат лицитираат со бројки колкав ќе биде поразот дали ќе биде со 30 пратнеика разлика, помалку од 30 итн. “-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неговата коалиција ќе води позитивна кампања која за претседателските избори официјално почнува во четврток.

Пратеничките листи, партијата ги потврди синоќа на највисоките органи на партијата.. ќе ги предводат Мицкоски, Мисајовски, Ковачки, Николоски, Сајкоски и Дафина Стојановска, а на нив се речиси сите пратеници од актулената пратеничка група.

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека Лисандро Мартинез најверојатно ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Брентфорд.

Аргентинецот тренира со полна брзина најмалку десетина дена и ќе може да се врати од повредата на коленото, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што на располагање ќе бидат и други играчи кои имаа проблеми.

-Да, има шанси да се врати во тимот. Ни недостигаше на секој меч што го пропушти бидејќи внесува смиреност во тимот. Во исто време, тој има менталитет на победник и тоа го покажува многу јасно, но може да го пренесе и на другите, што многу придонесува за нивото на нашиот настап. Има и други фудбалери кои се вратија на теренот и веќе тренираат. Очекувам дека и Лук Шо ќе биде подготвен пред крајот на сезоната, такви се прогнозите, ја објасни ситуацијата тренерот.

Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра што Македонија треба да ги врати

Националната агенција за Еразмус во Македонија да ги испорача сите препораки на ОЛАФ – вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Иако не сакаше да ги коментира одлуките на Европската Комисија, сепак уверува дека и покрај истрагата во иднина нема да се намали буџетот за нови проекти во земјава финансирани од европски пари и очекува програмата да продолжи да функционира без проблеми.

-Во согласност со стандардните процедури не коментираме за истраги извршени од ОЛАФ, телото на Европската Унија за истражување измами. Иако очекуваме од агенцијата тука во Македонија да ги испорача разните препораки дадени од ОЛАФ за овој случај, продолжуваме да имаме доверба во Агенцијата и согласно на тоа, не ја намаливме висината на буџетот за „Еразмус“ програмата. Среќен сум што ќе кажам дека „Еразмус“ продолжува да работи во корист на младите, студентите и универзитетите во оваа земја.- Дејвид Гир – Евроамбасадор

Случајот вчера го обелодени директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓорѓиевски, кој посочи дека станува збор за проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус Плус, финансирани од Европската Комисија во периодот од 2016 до 2018 година. Поранешната директорка на агенцијата, Лидија Димова за „Фокус“ тврди дека во 2019 година поднела кривична пријава за проневера на средствата, но дека поранешни високи функционери и вршеле притисок да ја повлече истата.

-Во април 2020 година, од Владата ми беше доставен ‘поздрав’ со листа на проекти што требаше да ги ‘пуштам’. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради ‘неетичко однесување’ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски, ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра.- Лидија Димова – Поранешна директорка на Еразмус

Во проверка на случајот покрај, ОЛАФ вклучено е и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму за Канал 5 велат дека активно се спроведува предистражна постапка, но дека засега не откриваат повеќе детали поради тајноста на постапката.

притисни ентер