Видео: Трипл дабл пресметка Џејмс – Дончиќ

Кошаркарите на ЛА Лејкерс дури по продолжение успеа да го победат Далас со 119-110 во најинтересниот меч во утринската програма од НБА лигата.

Дуелот во Стејпл центарот во Ел – Еј мина во знакот на феноменалната пресметка меѓу Леброн Џемјс и Лука Дончиќ.

Младиот Дончиќ продолжува со одличните игри сезонава во НБА, а Леброн по подолг период одигра натпревар достоен на еден од најдобрите кошаркари во светот.

Словенечкиот супер стар мечот го заврши со уште еден трипл дабал од 31 поен, 13 скока и дури 16 асистенции, големиот Леброн пак имаше 39 поени, 12 скока и 16 додавања и дури 4 украдени топки.

Од стртот на сезоната езерџиите од Лос Анџелес имаат скор од 4 победи и еден пораз , а далас е на 3-2.

Во другите средби :

Бруклин – Хјустон 123-116

Индијана – Кливленд 102-95

Орландо – Милвоки 91-123

Бостон – Њујорк 104-102

Чикаго – Детроит 112-106

Сакраменто – Јута 102-101

Голден Стејт – Сан Антонио 110-127

Манчевски: Дополнителни 250 електронски услуги и дигитализацијата на клучните регистри

​ Поставени се клучните столбови за дигитализација во јавниот систем. Голем предизвик останува користењето на услугите по електронски пат од страна на граѓаните. 

Потребна е и дигитализација на клучните бази на податоци, со што преку националниот портал ќе има електронски услуги и за бизносот, како и воспоставување и стартување на 5Г технологијата, оцени денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Дигитализиацијата мора да биде натпартиска тема, работата е тргната натака и од нас зависи како ќе се одвива.Треба сериозен ангажман и работа, а да бидеме искрени и сериозна поддршка од меѓународни институции затоа што досега дигитализацијата кај нас претежно е финансирана со странски пари, а од националниот буџет не е вложено многу. За тоа да се случува мора да имаме сериозна соработка на сите полиња со тие меѓународни институции, рече Манчевски на дебатата на тема „Дигитални предизвици за општествена транформација, што ја организираше МИОА во дворот на Клубот на пратеници.

Активностите, како што рече, треба да се интензивираат, бидејќи моментно имаме 136 електронски услуги, што е 18 проценти од сите услуги што се нудат од институциите во државата.

– Сега почнуваме нов проект со кој се предвидени 250 дополнителни електронски услуги и дигитализацијата на клучните регистри. Оптимист сум и уверен сум дека следната година ова време ќе можеме да говориме за 400 до 500 електронски услуги, многу поавтоматизирани работа помеѓу институциите каде што нема да се бара граѓаните да бидат курири и да носат документи, туку тие ќе се обезбедува по автоматизам од институциите. Сега прашањето е колку бргу ќе го направиме тоа. Не треба да водиме политика околу оваа тема, таа не обиденува национално, но пак ќе кажам за да се направи тоа потребно е да водиме на друго место паметна политика, наведе Манчевски.

Тој прецизираше дека досега се поставени сите услови и елементи за дигитализација на јавниот сектор, со трите клучни столба: системот за интероперабилност, што е каналот за комуникација помеѓу институциите, националниот портал на електронски услуги, којшто е портата кон граѓаните и електронскиот реистар на население, каде што граѓаните го црпат својот електронски идентиет.

– Ова се трите главни столбови, а наш предизвик е да работиме на употребливоста односно процентот на искористеност. Кај системот за Интероперабилност има висока искористеност на капацитет и ќе треба да се прошируваат. Не сум задоволен од искористеноста на Националниот портал на електронски услуги преку кој се активни само 20 илјади граѓани, рече министерот за информатичко општество.

Тоа, како што појасни, значи дека иако луѓето можат да извадат електронски извод од матична книга на родени, М1 и М2 потврда електронска, историјат за вработеност, сега работиме у на електронско уверени за латени давачки од Управата за јавни приходи упис на дете во градинка и училиште.. но не ги користат доволно.

– Позитивниот ефект на здравствената криза е дека се зголеми барањето на вакви услуги, но ќе треба да помине време и луѓето да се навикат. Јас сум поекстремен, да укинеме нешто на хартија. Ако престане нешто да постои на хартија ќе мора да се побара услугата електронски, како што е рецептот, рече Манчевски, укажувајќи дека покрај граѓаните и институциите истовремено треба да се навикнат на меѓусебно барање и давање услуги.

Предизвик, како што вели, е и тоа што не се дигитализирани сите клучни бази на податоци. Вчера го одржале првот состанок токму за дигитализацијата на клучните регистри на институциите и за граѓаните и за бизнисите.

– Досега преку порталот нудиме услуги само кон граѓаните, а вториот предзвик е да почнеме и кон другите. Како на пример Министерството за економија има многу регистри од кои се барат податоци, посочи Манчевски.

Трет предизвик е воспоставувањето и почнувањето на 5Г технологијата затоа што, потенцираше, без тоа ќе останеме на ова ниво на дигиталзиација.

– 5Г технологијата значи поголем проток на информации и само на таков начин ќе ни бидат возможни интернет на нешта, автономни автомобили, комуникација со уреди што ги користиме во домаќинствата и слично. Ова ќе повлече и друг предизвик за државата и за институциите, односно промена на начинот на којшто го работиме урбаното планирање, наведе Манчевски, потенцирајќи дека ќе се поставуават драстично помали базни станици и уреди.

Сите активности, како што рече, ќе се регулираат и во тој се работи согласно сите меѓународни стандарди.

На дебатата беа отворени и прашања за штетноста од зрачењата од новите технологии, потребата од дигитална писменост.

Бесплатни филмски проекции во паркот на МКЦ

 Во паркот на Младинскиот културен центар утре и задутре ќе се одржат бесплатни филмски проекции со почеток од 21 часот.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.

На репертоарот утре е THE HOUSE THAT JACK BUILT во режиј на Ларс фон Трир, а в сабота на 11 јули ќе биде проекцијата на YOU WERE NEVER REALLY HERE на режисерот Лин Ремзи.

Мицкоски: Време е да започне дијалогот со синдикалните организации

 Време е да започне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт.

Денес еве со претставниците на синдикалната организација, конфедерација на слободни синдикати разговаравме за практично нивните политики кои што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира и практикува.

Ценам дека имавме конструктивен разговор, дијалог. Од прилика дел од нивните забелешки уште во изработката на програмата се опфатени во самата содржина на програмата за дел се разбира од како ќе биде формирана владата ќе разговараме. Бидејќи тоа е динамичен процес, процес кој што трпи промени, сепак станува збор за четиригодишен период, станува збор за многу предизвици кои што ќе се испречат на тој пат. И јас ценам дека можеме навистина да ги ослободиме синдикалните организации од политичките стеги и притисоци, да ги оставиме да функционираат луѓето и да се борат за правата на работниците. Да постои оној социјален дијалог кој што изминативе нешто повеќе од три години гледаме како да практично исчезна од сцената. Да се ослободиме од стегите на политичарите за да може да бидеме по би рекол рационални и покреативни во носењето на одлуките.

Разговаравме со различните гранки кои што се дел од оваа синдикална организација. Добивме и некои конструктивни предлози за дел од тие предлози веднаш се сложивме и ќе бидат веќе артикулирани на настаните во преостанатите денови. За дел ќе треба веднаш по формирањето на новата влада.

Така што јас сум многу благодарен за можноста што можев во прво лице да зборувам вака директно со претставниците на оваа синдикална организација. За мене претставува навистина голема чест и привилегија да можам да зборувам со овие луѓе, бидејќи овие луѓе се борци за правата на нивните сомисленици, би рекол на работничките права.

Прашање:Со тоа на оглед дека имавте средба со раководството на СОНК претпоставувам дека сте разговарале и за тоа како ќе продолжи школската година доколку ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта после изборите, не како ќе продолжи туку како ќе почне?

Одговор: Денеска не разговаравме за тоа, за тоа ние интерно правиме анализи во рамките на онаа би рекол преодна стратегија со која што излеговме пред граѓаните и беше презентирана во партијата. Да, тоа е еден од основните предизвици кои што ќе следат после 15 јули за Владата. Цениме дека образованието треба да биде врвен приоритет за сите нас, цениме дека учениците и студентите треба да добијат квалитетно образование без разлика на ова што би рекле нова нормалност или како што е денеска ситуацијата ненормалност предизвикана поради калкулантските политики на нашиот политички противник, раководството на СДСМ и Зоран Заев. Цениме дека имаме начин како да се справиме со тоа и како да отпочне годината, но сепак тоа ќе зависи од другите работи практично како ќе се справиме со Ковид пандемијата која што кај нас има продолжен ефект и сме практично единствена држава во Европа каде што тоа се случува.

Прашање:Деновиве слушаме од претседателот на ДУИ дека има некои изјави во кој вели дека на македонските партии им се треселе нозете од помислата за прв премиер Албанец. Што доколку на ДУИ се уште и после изборите остане овој услов за формирање на влада, а на некој начин вие зависите од ДУИ? Дали ќе се обидете да го смените нивниот услов или ќе барате нови коалициски партнери?

Одговор: Ние зависиме од граѓаните. Граѓаните се тие кои што даваат, но и граѓаните се тие кои што одземаат. Цениме дека овие избори граѓаните масовно ќе ја поддржат опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија. Цениме дека како победничка опција после овие избори ќе имаме голема комоција во делот на преговори и разговори со потенцијалните коалициони партнери водени единствено од клучниот столб во нашата програма, а тоа е како да навистина имаме правна функционална држава, а потоа сето останато кое што денеска е реалност во Македонија. Тоа е справување со Ковид пандемијата, справување со предизвиците во образованието, здравствената криза, економската криза. Знаете ние сме сега пред есента кога ако потрае оваа ситуација со Ковид пандемијата како што трае ќе дојде на ред и сезонскиот грип. Така што сериозна и алармантна ќе биде ситуацијата, а никој тоа не го споменува.

Гледаме дека развиените европски земји веќе почнуваат да зборуваат за еден масовен скрининг, за едно масовно вакцинирање од сезонскиот грип. Така што замислете што ќе се случи со нашите здравствени капацитети ако наеднаш дојдат пациенти со сезонски грип, луѓе кои што се инфицирани од Ковид-19. Навистина ќе настане една тешка траорна ситуација. За жал кај нас воопшто никој не разговара за тоа. За среќа после 15 јули победува обновата и има јасен план како и со едното и со другото да се справи.

Прашање: Во принцип сите политички партии имаат некакви прогнози за тоа колку пратенички места би освоиле на овие избори, кои се вашите прогнози?

Одговор: Сериозна ќе биде поддршката, ќе почекате за некој ден од денеска ќе се уверите, ова не е математика, ова е чувство, ова е практично сериозна поддршка која што ја добива ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ од граѓаните. Тоа буквално се чувствува на секој чекор. Разочараноста е огромна, тенденцијата е да има промени, да дојдат политичари кои нудат надеж, политичари кои што знаат како да се справат со предизвиците, јас сум убеден во една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ, па и не би ме изненадило ако имаме мнозинство во парламентот.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер