Пијани уругвајски рагбисти уништија ноќен клуб во Јапонија (ВИДЕО)

Ноќниот клуб во градот Кумамото во Јапонија поднесе кривична пријава против рагбистите од Уругвај поради уништување на инвентарот и насилничко однесување.

Уругвајските рагбисти го славеа испаѓањето од Светскиот куп, откако беа  совладани од  Велс со 13:35. Прославата излезе од контрола, така што Уругвајците започнаа насилно да се однесуваат кон другите гости во ноќниот клуб  и да кршат инвентар.Тие ги  уништиле sидовите и ја скршиле опремата на диџејот. Штетата е проценета на околу 40.000 американски долари.

„Сопственикот е разочаран и лут затоа што рагбистите го напуштија објектот без извинување“, изјави адвокатот, кој додаде дека сопственикот размислувал и за поднесување кривична пријава за нанесување повреда на еден вработените во клубот.

Меѓународната рагби федерација (ИРФБ) се извини за инцидентот.

„Овој случај е многу разочарувачки и не одговара на познатиот дух на турнирот“, се вели во соопштението на ИРФБ.

Репрезентацијата на Уругвај заврши последно во групата Д на Светскиот куп во Јапонија со една победа и три порази.

СП завршува овој викенд. За петок е закажан натпревар за третото место меѓу Велс и Нов Зеланд, а финалето меѓу Англија и Јужна Африка е еден ден подоцна.

притисни ентер