Џака до навивачите на Арсенал : Ми се заканувавте дека ќе ми ги скршите нозете и ќе ми ја убиете жената

Капитенот на Арсенал , Гранит Џака се огласи прв пат откако минатата недела ги провоцираше навивачите, ја фрли капитенската трака и си замина , откако беше заменет на натпреварот против Кристал Палас (2:2).

Навивачите на Арсенал се изнервираа од неговото бавно излегување од теренот во моментот кога Арсенал се обидуваше да победи, а откако ја фрли траката и го соблече дресот , беше исвиркан. Покрај тоа, тој беше остро критикуван од обожавателите на социјалните мрежи каде доби дури и смртни закани.

Неговата официјална објава ја пренесе Арсенал на социјалните мрежи.

„Откако одвоив извесно време да ја оладам главата за да видам што се случи минатата недела, решив да ви објаснам што беше, наместо да објавувам краток одговор.

Она што се случи за време на мојата смена навистина ме погоди. Отсекогаш сум го сакал овој клуб и давав 100 проценти за него на и надвор од теренот. Страшно сум погоден од навредите на социјалните мрежи и чувството дека луѓето не разбираат низ што поминувам. Ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете и ќе ја убијат жена ми и сакаа мојата ќерка да има канцер. Ме натераа да се лутам, а последната капка се прели по реакцијата на публиката додека го напуштав теренот.

Целата ситуација ме понесе и со мојата реакција повредив дел од навивачите кои секогаш се со клубот и тимот и кои ме исполнуваат мене и соиграчите со позитивна енергија. Тоа не беше моја намера и за тоа се извинувам.

Се надевам дека сите ќе почнеме одново да се почитуваме. Се надевам дека ќе напредуваме во позитивна атмосфера.” , напиша Џака

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, запрашан од новинарите каква е состојбата со Џа, одговори дека не сака да одговори на тоа прашање. Англиските репортери ова го толкуваа како јасен знак на Швајцарецот со албанско потекло да се повлече од составот и дека не се очекува Џака да игра дома против Вулверхемптон в сабота.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер