ТРИЛЕЌЕ

РЕЦЕПТ НА: ВИОЛЕТА ДИМОВСКА

Потребни состојки :  6 јајца, 250 гр. шеќер, 300 гр. брашно, 1 пакетче пециво, 1 л. млеко, 500 мл. хопла и карамел по желба.

Постапка:

Белките се двојат од жолчките и се ставаат во подлабок сад со шеќер.

Состојките се матат со миксер и откако ќе се добие бела смеса се додаваат жолчките.

          Откако добро ќе се изматат жолчките се додава постепено брашното со пецивото.

          Состојките се матат се додека не се добие хомогена смеса.

          Смесата се става во тава со хартија за печење која претходно е премачкана со масло.

Се пече околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени.

Тестото се остава да се излади и се вади хартијата за печење.

Потоа се прелива со мешавина од млеко и хопла.

На крај, одозгора се нанесува слој од карамел по желба.

притисни ентер