СТАРИНСКИ ЗЕЛНИК

РЕЦЕПТ НА: ВИОЛЕТА ДИМОВСКА

Потребни состојки :  500 гр.брашно, , ¼ коцка квасец, 500 гр. мелено месо, 1 главица кромид, малку масло, малку бибер, сол по вкус и малку шеќер.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се става: квасец, сол по вкус и малку шеќер и се замесува тесто со млака вода по потреба.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава малку да отстои.

Од тестото се формираат 12 топчиња.

Од првите 7 топчиња се сукаат мали корички.

Коричките се премачкуваат со масло и се редат една врз друга.

Истата постапка се повторува и со трите и со двете преостанати топчиња.

Од седумте корички се расукува една поголема кора и се става во тепсија премачкана со масло.

Одозгора се става фил од пропржено мелено месо со сечкан кромид,  зачинето со сол и бибер по вкус.

Од трите корички се сука поголема кора, се става врз меленото месо и се прамачкува со масло.

Од двете корички се сука поголема кора и се покрива втората кора.

Се прамачкува со масло и се виткаат краевите на тепсијата.

Корите се боцкаат со нож и се попрскуваат со вода,

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 тина минути.

притисни ентер