МАНТИИ

РЕЦЕПТ НА: РОСКА РИСТЕВСКА

Потребни состојки:  350 гр. брашно, 1 квасец, 1 пециво, 3 јајца, 200 гр. сирење, малку сода бикарбона, малку масло, 2 лажици шеќер, ½ маргарин, 200 мл. кисело млеко и 3 чешни лук.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се става: 1 квасец, 1 пециво, 1 јајце, малку сода бикарбона, малку масло, 2 лажици шеќер, малку млака вода и се замесува тесто.

          Тестото треба добро да се измеси.

          Откако ќе се измеси се удира 10-тина пати од маса и се остава да отстои 15-тина минути.

          Тестото се расукува во подебела кора и се прекрива со рендан маргарин.

          Кората се расекува на 6 места и добиените делови се преклопуваат едни врз други.

          Добиеното тесто повторно се расукува во подебела кора и се прекрива со рендан маргарин.

          Кората се сече на коцки и врз секоја коцка се става фил од 2 матени јајца и сирење.

          Потоа се формираат мантиите и се ставаат во тепсија премачкана со масло.

          Се печат околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

          Додека се печат мантиите се подготвува смеса од кисело млеко, рендан лук и малку масло.

          Откако ќе се испечат мантиите се прелеваат со добиената смеса.

притисни ентер