Палмер: Поддршката на САД за европската перспектива ја разјаснивме тука, а тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери

САД се пријател и партнер на Македонија и остануваат постевени на унапредување на односите со земјата и на нејзината европска интеграција, во која се вклучени и двата процеса, членството во НАТО и во Европската унија.

Ова е пораката што за време на престојот во Скопје ја испратил специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој изминативе денови имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска и со премиерот Зоран Заев.

-Пораката е дека САД се партнер и пријател на Македонија, ние сме посветени на оваа релација со Македонија и на нејзината европска интеграција, што ги вклучува и НАТО и ЕУ. Патот на Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ едвај го чекаме партнерството со властите во Скопје и со тие во Унијата, порача Палмер во изјавата што ја даде пред Владата, по средбата со премиерот Зоран Заев.

Палмер истакна дека за време на неговата посета била реафирмирана желбата за европската перспектива на Македонија.

-Тоа го разјаснивме тука во Скопје, тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери, рече Палмер и потсети дека имал средба и со амбасадорите на земјите од ЈИЕ, на која била споделени перспективите за натамошниот развој на регионот.

Нагласи дека за време на средбите во Скопје имал конструктивни разговори за неодамнешните случувања во Македонија, во Брисел, во регионот.

Палмер додаде дека изразил задоволство од ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД и додаде дека Вашингтон со нетрпение чека земјата да стане 30. членка на НАТО.

Во врска со Договорот од Преспа рече дека САД продолжуваат да го поддржуваат и нагласи дека тој е мошне важен за безбедноста и стабилноста на целиот регион.

24- годишна актерка загина за време на одмор на Тајланд – снимен е страшниот момент (ВИДЕО)

Руската актерка Камила Биелјацкаја (24) починала кога огромен бран ја одвлекол во морето во Тајланд.

Актерката е фотографирана како седи на јога душек на карпа и гледа над Тајландскиот залив. Неколку секунди подоцна била фрлена во разбрануваното море, однесена од голем бран.

Застрашувачката снимка покажува како актерката се бори и ја напаѓаат морските струи. Камила е од Новосибирск, а како турист со своето момче го посетувала вториот по големина остров на Тајланд.

Нејзиното тело било пронајдено за време на викендот, на еден километар од местото каде што ја однел бранот. Претходно на социјалните мрежи таа сподели со своите следбеници дека го сака ова место и дека често се враќа на него за време на нејзините посети на островот, кој го нарече „дом“ и „најдоброто место на светот“.

Еден човек влегол во брановите обидувајќи се да ја спаси, но безуспешно. Камила претходно објави за местото: "Оваа камена плажа е најдоброто нешто што сум го видел во мојот живот. Ти благодарам, вселено, што сум овде сега. Многу сум среќна. Среќна сум!"

Снимката ја покажува на местото каде што починала. Таа отишла до видиковец за да ги гледа брановите и била видена како пристигнува со црвен автомобил пред да оди сама до карпите.

Таа ја извадила подлогата од багажникот на нејзиниот автомобил пред да оди до место кое нуди панорамски поглед на островот. Подоцна душекот бил виден како лебди во водата кај Кох Самуи, еден од најпопуларните острови во Тајланд.

Спасувачките екипи се соочиле со проблеми поради бесните бранови и иако пристигнале само 15 минути откако таа била однесена во морето, не можеле да направат ништо за да ја спасат актерката.

Нејзиното момче заедно со сведоци дало изјави во локалната полиција во врска со трагедијата. „Овој инцидент е остар потсетник за опасностите што ги носат монсунските услови, а властите ги повикуваат посетителите да бидат крајно претпазливи и да избегнуваат карпести брегови за време на периоди на високи бранови“, се вели во тајландски извештај.

Еден повреден во престрелка во паркот во Чаир

Во паркот на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир денеска од огнено оружје било повредено едно лице. Случајот во СВР Скопје ги пријавиле од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен повредениот.

- Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Германски клуб бил пред згаснување, неговите навивачи за два дена собрале милион евра

Љубителите на фудбалот во Германија се од посебен вид, а тоа го покажа уште еден случај во текот на претходната недела.

Имено, четвртолигашот Либек беше на работ на згаснување, се додека неговите поддржувачи не изреагираа.

Клубот од северот на Германија минатата недела објави дека е пред банкрот и дека треба да собере милион евра за да преживее за помалку од 48 часа. Секој би рекол - невозможна мисија.

Но...

Навивачите на Либек веднаш започнаа акција и во експресно време ги собраа потребните пари и собраа доволно за да го спасат клубот од згаснување. На настанот во Либек вчера вечер, претседателот на клубот, Дитер Гидел објави дека повеќе од 4.000 навивачи донирале пари и дека се собрани милион евра кои го спасиле клубот.

По 18 одиграни кола во четвртата лига на Германија, Либек е десетти на табелата во Регионалната лига Север со 25 бода, што е седум повеќе од зоната за испаѓање.

притисни ентер