Мицкоски за „Политика": Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите - Канал 5

Мицкоски за „Политика": Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите

,,Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите и ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, „се отвора можност за враќање на чекор наназад, во спротивно не чека многу работа"

Мицкоски за „Политика": Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите

Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите и ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, „се отвора можност за враќање на чекор наназад, во спротивно не чека многу работа", изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Политика".

– Македонија мора да се врати на брзата лента до моментот за полноправно членство во ЕУ, па тогаш одвнатре ќе мора да ги корегираме грешките, вели Мицкоски, додавајќи дека негов концепт е „не на антиквизацијата и не на севернизацијата, туку да и враќање на македонизмот во Македонија".

На прашањето на „Политика" за неговиот став за „фијаското во Брисел и покрај зеленото светло од 27 држави на ЕУ", како и дека „покрај Франција, вината сноси и премиерот Зоран Заев", Мицкоски вели дека „Заев не испорачал никакви реформи и за тоа е виновна неговата неодговорна политика".

– Крајот ќе ни биде трагичен, ако го прифатиме ставот дека е виновна само Франција и државата продолжи да тапка во место. Со тоа ќе се зголеми профитот на фирмите на Заев, а ние и натаму ќе го обвинуваме Макрон, изјави Мицкоски.

Околу прашањето за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата и за неизнаоѓањето „заеднички јазик" со властите за новиот Закон за обвинителство, Мицкоски одговора дека тој се залага за владеење на правото и за независна судско-обвинителска власт.

– Затоа се апсурдни прашањата дали на Груевски би му се овозможило враќањето дома. Вистинско прашање е кој овозможил тоа да се случи и дали Заев ја говореше вистината кога ја лажеше македонската јавност дека Груевски се криел во гепек од автомобил или сега, кога вели дека Груевски бил слободен граѓанин и можел да прави што сака, вели Мицкоски.

Тој во интервјуто за „Политика" насловено „Зоран Заев три години ја води земјата во амбис", вели дека себе си се гледа како победник на претстојните избори, поради тоа што, според него, ВМРО-ДПМНЕ носи „нова енергија, заснована на чесност и принципиелност".

– Патот кој премиерот Заев го следеше овие три години, не водеше никаде, поточно водеше во амбис, што му е јасно на секого и тоа им е јасно и на нашите партнери во меѓународната заедница… Најбитно во овој момент е да имаме чисти, коректни и демократски избори, на кои граѓаните ќе бираат помеѓу неспособна, корумпирана и криминална власт и од друга страна, вредност, честитост и одговорност, која ја нуди мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, оцени Мицкоски во интервјуто. /МИА

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

притисни ентер