Австриски скијач во полна брзина налета на новинар (ВИДЕО)

Овој викенд почна новата скијачка сезона за Светскиот куп.

Вчера жените возеа велеслалом , а денеска во истата дисциплина се натпреваруваа мажите.

На вчерашниот тренинг за мажи во Солден, се случи инцидент. Хрватскиот радио-репортер Крешимир Готлин за малку ќе настрадаше . Готлин застана на патеката и чекаше да помине хрватскиот скијач Филип Зубчиќ за да го снима, а во еден момент австрискиот скијач Мануел Фелер налета на него и го покоси.

За среќа, никој не е повреден.

Денеска е најлош ден во светот од почетокот на пандемијата , над 200.000 новозаразени

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека последните 24 часа се рекордни по бројот на инфекции со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата, со 212.326 нови случаи.

Повеќето нови инфекции се во САД, Бразил и Индија, според СЗО.

Стариот црн рекорд беше на 28 јуни кога биле заразени 189.077 лица за еден ден.

Бројот на смртни случаи дневно е стабилен на околу пет илјади.

Според пресметката на Ројтерс, вкупниот број заразени луѓе во светот вчера надмина 11 милиони.

Повеќе од половина милион луѓе починале од коронавирусот за седум месеци.

СЗО исто така објави дека ги прекинува хидроксихлорокинските антималарични испитувања во комбинација со лекот против ХИВ лопинавир / ритонавир кај хоспитализирани пациенти со ковид-19, откако е потврдено дека не успеале да ја намалат смртноста.

„Овие привремени студии индицираат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир предизвикуваат мало или никакво намалување на смртноста на хоспитализираните пациенти со ковид-19 во однос на стандардната нега“, се вели во соопштението на СЗО.

Агенцијата на ООН истакна дека одлуката донесена по препорака на меѓународниот управен комитет за студијата, не влијае на другите студии во кои лекот се користи кај пациенти кои не се хоспитализирани или за спречување на инфекција.

СЗО исто така го испитува можниот ефект на антивирусните лекови на Гилеад редесивир врз ковид-19, соопшти агенцијата.

Со традиционален огномет, Американсата амбасада го одбележа Денот на независноста на САД ,4 јули (ВИДЕО)

Со традиционален огномет Американската амбасада синоќа го одбележа Денот на независноста на САД 4 јули, a вечерва се емитува на Канал 5.

Целокупната прослава која што поради пандемијата, не беше јавна и траеше вкупно 30-тина минути, заедно со обраќањето на амбасадорката на САД , г-ѓа Брнз и останатите церемонијални активности, ќе ги погледнете на Канал 5.

Амбасадорката Брнз овој пат 4- јули го посвети на сите кои се во првите редови на заштитата и лекувањето на Ковид-19 , здравствените и други работници , кои се грижат за превенцијата и деноноќно се борат со коронавирусот.

,,Добредојдовте на нашата виртуелна прослава на Четврти Јули. Програмата ќе вклучува одред на Поморскиот корпус, кој ќе ги претстави боите, како и обраќањето на амбасадорката Брнз, потоа музика од американските армиски бендови и огномет.” , е објавено на профилот на Твитер на Амбасадата.

Заев од Крива Паланка: Изборна единица три на 15 јули гласа за број 3, на ниво на цела држава победуваме со разлика до 50.000 до 120.000 гласови

Во изборната единица 3 ќе покажеме дека политичари кои не калкулираат со својот рејтниг, не се водат од популизам, туку напротив, му служат на својот народ и прават се за својата татковина.

,, Ја заслужуваат и ја добиваат довербата на изборите, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.

- Како што им ветив и пред една година на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги победиме со разлика од 50.000 до 120.000 гласови разлика на ниво на цела држава. Нашата понуда и во изборната едница 3 и низ целата држава е понуда на чесни, одговорни личноста. Покажавме дека можеме повеќе, можеме подобро, покажавме дека правиот пат нема алтернатива, тие се трите работи кои ќе донесат победа во изборна единица три и во сите други изборни единици, посочи претседателот Заев,се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер