Реал њуз: „Торпедото" на Емануел Макрон за европската перспектива на Македонија беше шлаканица за целиот регион

Имплементацијата на Договорот од Преспа во однос на ерга омнес употребата на новото име и веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите на 12 април 2020, се точките за кои Грција изразува загриженост по Самитот на ЕУ, според грчкиот весник „Реал њуз".

Во текстот под наслов „Атина е загрижена за случувањата на Балканот", новинарот, ја анализира ситуацијата во регионот по Самитот на ЕУ и француското вето, но и ставовите на Грција за темите кои директно ја засегаат.

-Директното прашање што произлегува за Атина е имплементација на Договорот од Преспа. Ерга омнес виси во однос на државните документи на Северна Македонија што се издадени пред ратификацијата на договорот, бидејќи предвиден е преоден период што е поврзан со отворањето на пристапните поглавја. Јасно е дека без датум за почеток на пристапни преговори, Скопје нема никаква обврска за промена на документите, пишува весникот.

Според „Реал њуз", вториот и „уште поголем проблем за Атина", би бил доколку на изборите на 12 април 2020 победи ВМРО- ДПМНЕ, „кое не е воопшто расположено да го имплементира договорот".

-Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, до сега, никогаш го нема употребено терминот Северна Македонија. Дипломатски извори проценуваат дека ВМРО нема да го поништи договорот, што секако е основа за членство на Северна Македонија во НАТО. Сепак, сметаат дека ќе почне процес што веќе го има поминато Грција со Времениот договор, односно Скопје континуирано, онаму каде што може, да го прекршува Договорот од Преспа, пишува новинарот.

Во однос на земјите од Западен Балкан, по исходот од Самитот на ЕУ, весникот пишува дека „торпедото" на Емануел Макрон за европската перспектива на Северна Македонија беше шлаканица за целиот регион. А аналитичарите и дипломатите на кои што се повикува, се согласни дека негирањето на 27-те земји од унијата да одредат датум за Албанија, „а особено за Северна Македонија значајно го намали зрачењето на ЕУ".

-Според дипломатски извори, заедничкото чувство во сите земји од Западен Балкан беше дека „не не сакаат и треба да видиме што ќе правиме". Ова не е добро за Европа, но генерално не е добро за Грција. Како што објаснуваат искусни дипломати, по Самитот во Солун, европската перспектива на земјите од западен Балкан е најважната алатка во односите на Грција со овие земји, објави грчкиот весник.

Новинарот во анализата, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека по одлуката на Европскиот совет се отвора патот за „вмешување на трети земји како што се Русија, Кина, но и Турција, која континуирано се обидува да ги зајакне базите во регионот". /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер