Возачот на камионот на смртта е обвинет за убиство на 39 луѓе

Возачот на камионот- ладилник , каде беа пронајдени телата на 39 мажи и жени , е обвинет за убиство.

Станува збор за Морис Робинсон, 25-годишен возач, кој беше уапсен веднаш по пронаоѓањето на телата.

Тој е обвинет и за организиран шверц на луѓе, организирање нелегална имиграција и перење пари.

Телата беа пронајдени во 01:40 часот по британско време во средата. По разните информации што се појавија, полицијата откри дека приколката пристигнала во Велика Британија одделно од предниот дел на камионот. Ладилникот пристигнал од Северна Ирска , а влегол во Велика Британија преку пристаништето Хилхед во неделата, изјави портпарол на полицијата во Есекс.

Приколката на камионот пристигнала од Белгија, а белгиското обвинителство објави дека поминала кратко време во таа земја, по трасата до пристаништето Зибриг. Јоаким Коунс, шеф на белгиското пристаниште, рече дека е малку веројатно луѓето да влегле таму во приколката. Тој рече дека приколката е запечатена во пристаништето и дека се проверувала.

Инспекторите потврдија дека приколката на камионот пристигнала во англиското пристаниште Пурфлет околу 00:30 часот.

Камионот со приколката, управуван од Робертсон, го напуштила пристаништето околу 1:05 часот и се движел само пет минути до дестинацијата од три километри во индустриската област во Есекс.

Робинсон само пет минути управувал со камионот, а едно од прашањата што истражителите сигурно го барале во истрагата е зошто доаѓал од Северна Ирска за да ја транспортирал приколката само три милји . Единствено може да се претпостави дека истражителите откриле доволно сомневање дека Робинсон бил вмешан во трговија со луѓе.Половина час подоцна, кога Робинсон го паркирал камионот во индустриско подрачје, телата биле откриени, а сè уште е нејасно каде оделе несреќните луѓе од приколката. Сè уште е неизвесно од која националност се жртвите, но се сомнева дека станува збор за виетнамски, а не кинески државјани , како што беше речено на почетокот на иострагата.

Не се знае што точно ја предизвикало нивната смрт и дали се замрзнале, задушиле или нешто друго. Да потсетиме дека еден пријател на возачот им кажал на британските медиуми дека Робинсон изјавил дека не знаел за луѓе во ладилникот и дека кога го отворил ,веднаш повикал полиција, но оваа верзија никогаш не била потврдена од официјални извори.

Денеска е уапсено и петто лице, поврзано со смртта на 39те жртви , додека досега се уапсени четворица.

Главниот инспектор Мартин Пасмор го остави отворено прашањето за националноста на жртвите, но се повеќе се сомнева дека станува збор за луѓе од Виетнам.

VietHome, организација која ја претставува виетнамската заедница во Велика Британија, соопшти дека примила фотографии од 20- тина лица чие исчезнување е пријавено.

Свештеникот Ентони Данг Ху Нам од Виетнам изјави дека му било кажано дека повеќе од 100 луѓе ја напуштиле покраината Јен Тан во потрага по нов живот во Европа.

Главниот инспектор Пасмор, кој го води процесот на идентификација на жртвите во Есекс, рече дека телата биле извадени од фрижидерот и биле пренесени во болницата „Бормфилд“ во Челмсфорд.

Тој рече дека жртвите имаат многу малку документи со себе, така што истражителите мора да се потпираат на отпечатоци од прсти, тетоважи и лузни.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер