Мицкоски: Ниту антиквизација, ниту севернизација, ќе го промовираме македонизмот

Ниту антиквизација, ниту севернизација, ќе го промовираме македонизмот којшто ќе ги обединува сите граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка припадност, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ниту антиквизација, ниту севернизација, ќе го промовираме македонизмот којшто ќе ги обединува сите граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка припадност, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од собирот во скопско Драчево во рамки на „Разговори за обнова на Македонија“. Опозицискиот лидер вели суштината на овој концепт ќе биде враќање на владеењето на правото и одговорност за секој што се огрешил пред законот.

Истакнувајќи дека ВМРО ДПМНЕ отворено застана во поддршка на земјоделците , Мицкоски го критикуваше односот на власта кон денешниот протест на земјоделците пред владата.

Генералниот секретар на партија, Игор Јанушев пак од Штип порача дека изборите во април ќе бидат крај за актуелната власт.

„Крајот на Заев се гледа, власта паѓа првиот значаен датум е 3 јануари кога ќе се формира техничката влада која ќе ги спроведе изборите на 12 април, а на 13 април веќе Зоран Заев СДСМ и сите останати од неговата криминална банда ќе ги пратиме во политичката историја“, вели Јанушев.

Јанушев вели се уште рано за конкретни имиња кои би биле дел од техничката влада, но уверува дека ќе бидат понудени најдобрите кадровски решенија.

Наизменичен режим на сообраќај на патот кон ГП Блаце

Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одрон во близина на метото викано „Вражји вир".

– Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала" поточно на м.в. Вражји вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат вечерва од АМСМ.

Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци./MИА

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците  низ градот.  

Во текот на изминатата ноќ се вршеше бележење на хоризонталната сигнализација на бул. Илинден во насока од бул. ВМРО кон улицата Никола Парапунов, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ Борис Трајковски, како и на улицата Франклин Рузвелт.

Вечерва машинско бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши во општина Центар на бул. М.Т.Гологанов на потегот од бул. Климент Охридски кон Рузвелтова.

Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров вчера вечер започна обележувањето на такси станиците. Вечерва обележувањето на такси станиците од страна на ЈП Улици и патишта продолжува во населба Автокоманда.

Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Град Скопје

Маск со критика до „Twitter“: Алгоритамот манипулира со корисниците

Илон Маск, избвршниот директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, истакна дека алгоритамот на „Twitter“: манипулира со корисниците.

Идниот сопственик на „Twitter“ на својот личен налог на оваа мрежа одлучи да го критикува алгоритамот на популарната платформа. Според неговите зборови, многи е важно Твитер корисниците да го поправат својот „Twitter feed“.

Маск истакна дека корисниците се „изманипулирани од страна на алгоритамот“ на начини кои и м се непознати на корисниците, и дека разликата можат да ја видат при префрлање меѓу „Latest Tweets“ и „Home Tweets“.

Маск објаснува дека не сугерира дека има „злоба во алгоритмот“, туку дека, во рамките на „Home Tweets“, алгоритмот се обидува да му покаже на корисникот што сака да прочита, што ненамерно ги манипулира/зајакнува неговите ставови без да сфати дека тоа се случува.

Маск понатаму споменува дека има грешки во кодот на „Twitter“, а за да се решат овие проблеми со доверба во алгоритмот, тој треба да биде со отворен код.

притисни ентер