Пендаровски – Мета: Немаме друга алтернатива освен ЕУ

Македонија и Албанија немаат алтернатива за членството во Европска Унија, а безбедноста на Западен Балкан значи и безбедност на Европа, оценија претседателите на двете земји Стево Пендаровски и Илир Мета на прес-конферецијата по денешната средба во

Албанскиот претседател наведе дека изборот на Пендаровски за претседател ќе придонесе за нова димензија во меѓуетничките односи во земјата, и за зајакнување на соживотот, што ќе има импликации и на зајакнување на добро соседските односи.

– На средбата го информирав мојот колега, претседателот Мета, за неодамна одржаната лидерска средба кај нас, на која утврдивме државен конзензус да се продолжи со европскиот пат, но и да се организираат предвремени парламентарни избори. Со албанскиот претседател се согласивме дека наша обврска како шефови на држави е да продолжиме да ги охрабруваме сите политички фактори во нашите држави да продолжат со спроведување на обвврските од европската агенда во интерес на нашите граѓани, како и да продолжиме да ги убедуваме европските лидери дека преговорите со земјите во регионот се вллог во стабилноста и просперитетот, изјави Пендаровски.

Мета посочи дека Северна Македонија има поддршка од Албанија на нејзиниот пат кон НАТО.

– Земјата сигурно чекори кон членството во НАТО и тоа ни причинува задоволство бидејќи покажавме искрена поддршка за овој регион да ги зајакне безбедносните параметри за да се исполнат сите заложби од Охридскиот договор, бидејќи тоа е важно прашање во сите аспекти не само за зајакнување на соживотот туку и на самата ЕУ перспектива на земјата, посочи Мета.

Пендаровски наведе дека денешната средба со Мета се одвива во вонредни услови откако пред една недела двете земји не ги почнаа пореговорите со ЕУ. Тој потенцира дека и покрај тоа „единствен пат е членството во ЕУ, а секоја друга идеја е неприфатлива" и поради тоа „треба да бидеме поуверливи во нашите реформи и трансформации".

Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат Самит на кој ќе се дискутира за проширувањето, добрососедските односи, и при тоа да се отфрлат идеите за алтернативи за евроинтеграцијата.

Претседателот Пендаровски предложи и иницијатива за формирање на неформална група за македонско-албанско пријателство, која покрај зајакнување на врските помеѓу политичарите и бизнисмените, ќе биде фокусирана на младите.

На средбата разменети се информации за положбата на македонската заедница во Албанија и на албанската во Северна Македонија кои се фактори на зближување и збогатување на соработката.

Мета од своја страна наведе дека го уверил Пендаровски за заложбите за целосна интеграција на македонското малцинство во Албанија.

Зеленски: Руската инвазија е катастрофална грешка на Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека „руската инвазија на неговата земја е катастрофална грешка“, откако Русија објави стратешка победа во Мариупол. 

Зборувајќи од Киев, Зеленски рече дека „потврдено е дека инвазијата била апсолутна грешка“ и тврди дека руската армија останала без проектили со кои ги нападнала украинските војници. Тој ги критикуваше руските лидери, за кои рече дека се плашат да признаат дека „на највисоко воено и државно ниво се направени катастрофални грешки“, објави Би-Би-Си.

Украинскиот лидер ја обвини Москва дека ги принудува младите, неискусни војници на линијата на фронтот и ги турка во битка „како топовско месо“.

По Макрон, и Мишел предлага „Европска геополитичка заедница“, резервна варијанта за З. Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предлага формирање на, како што тој ја нарекува, „Европска геополитичка заедница“.

Заедница која ќе се стреми кон „конвергенција и продлабочување на оперативната соработка за справување со заедничките предизвици, мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот континент“.

Групата би ја сочинувале земјите од Западен Балкан и земјите партнери на ЕУ од истокот, кои се или кандидати за пристап во блокот или се стремат да станат такви.

„Ќе предложам да се одржи конференција околу или по летото“, напиша Мишел на Твитер.

„Францускиот претседател Макрон претходно ја промовира идејата за формирање „Европска политичка заедница“ која ќе ги вклучува Украина и Британија.

Клучните вредности во областите на политичката соработка, безбедноста, енергетската соработка, сообраќајот, инвестициите во инфраструктурата.

Фото: Градските приказни на КУД Илинден, подвижен музеј на градот Битола

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. 

Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.

Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.

-„Битола е градот“, а КУД Илинден е синонимот за Битола. Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија...Минатата година бевме дел од 6-тата светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на „Градските приказни„ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт, вели Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД Илинден.

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани за настапи на други сцени и на еден голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали.

притисни ентер