Стратешко партнерство и формирање на Европска економска зона, наместо членство за Западен Балкан

Стратешко партнерство и формирање на Европска економска зона, наместо членство за Западен Балкан – ова според европската иницијатива за стабилност е идејата за која се размислува во Брисел.

Стратешко партнерство и формирање на Европска економска зона, наместо членство за Западен Балкан – ова според европската иницијатива за стабилност е идејата за која во Брисел се размислува, како на компромис за да се надминат разликите во ЕУ, по блокадата на Макрон за Македонија и Албанија.Учество на заедничкиот европски пазар веќе користат Исланд и Норвешка, а членството во оваа група, според европската иницијатива за стабилност, не значи и идно членство во Унијата.

,,ЕУ треба да им понуди на сите шест држави на Западен Балкан можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд. Тоа значи дека треба радикално да се реформира методологијата за проценка на напредокот. Овој однос не гарантира идно пристапување кон Унијата – во денешно време и ништо не може да го гарантира тоа. Но, ги прави сите идни дебати за членство кредибилни, кога ќе дојде време за тоа. – се вели во предлогот на Европската иницијатива за стабилност.

Од таму додаваат дека ваквата економска зона ги опфаќа сите клучни области важни за потенцијални инвеститори, слободен проток на луѓе, добра и идеи, а со тоа би се испратила порака до граѓаните во земјите од регионот дека границите и изолацијата можат да се надминат. Предлогот според нив би се комбинирал и со финансиски награди за државите кои напредуваат во сите сектори.

,,Земјите што ги кршат основните човекови права или им се закануваат на нивните соседи може да бидат исклучени или суспендирани – што треба да одговори на барањето за реверзибилноста кое го постави Макрон. Овој процес треба да се стави на маса на самитот во Загреб во мај 2020 на кои ќе бидат шесте земји од Западен Балкан.

Премиерот Заев пак вели дека за да има таква понуда, таа треба да е формализирана од ЕУ, во делот од понудата за земјава. Изрази надеж дека дебатата за новата методологија за членство ќе биде набрзо утврдена во ЕК.

Во текстот од Европската иницијата за стабилност се додава и дека не доделувањето на датумот за Македонија е неправедно кон земјава, но тоа според нив може да биде шанса за нешто поверодостојно, по фер и трансформативно.

Чиле воведе вонредна состојба во регионот на народот Мапуче

Администрацијата на чилеанскиот претседател Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во јужните делови на земјата поради ескалацијата на насилството како последица на конфликтот меѓу државата и домородното население Мапуче.

Британските медиуми пренесуваат дека во насилството досега загинаа неколку лица, меѓу кои и активисти на Мапуче, припадници на безбедносните сили и шумари.

Чилеанската министерка за внатрешни работи, Изкиа Сичес, прогласи вонредна состојба во согласност со Уставот на Чиле, кој на армијата ѝ овозможува да ги чува важните правци и патишта во областите од епицентарот на конфликтот.

-Очигледно е дека во последно време имаме зголемен број на акти на насилство на патиштата и бевме сведоци на напади од кукавици, решивме да ги искористиме сите алатки на државата за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани, рече Сичес.

Тој додаде дека саботажите и палењата куќи, камиони и машини се зголемени во последните години во областа што важеше за исклучителен туристички регион.

Неколку групи од народот Мапуче бараат да им се врати земјиштето од предците, на кои во моментов работат шумските претпријатија.

Левичарската влада на Бориќ најавува дека ќе одвои околу 470 милиони долари за проекти за јавни работи во оваа област, заедно со претходно најавените планови за унапредување на враќањето на земјиштето и формирање на Министерство за староседелци.

Новата вонредна состојба е поограничена од онаа што ја воведе претходната влада, а самиот Бориќ изјави дека нема намера да ја обнови на начин што го определи неговиот десничарски претходник Себастијан Пинера, кој неколку пати ја продолжуваше вонредната состојба, но во март беше укината.

Некои групио од народот Мапуче поднесоа судски налог за заштита против Пинера, изјавувајќи дека вонредната состојба е произволна и незаконска.

Министерката Сичес рече дека владата побарала обвинителот да ги истражи криминалните организации и активности, како што се трговија со дрога и кражба на дрво во областа./МИА

Рајан:СЗО загрижена од високото ниво на пренос на корона меѓу невакцинираните во Северна Кореја

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.

-Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни, рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти./МИА

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела, велат од УХМР.

притисни ентер