Заев: Немаме друга алтернатива освен ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека земјава нема друга алтернатива освен ЕУ и оти се надева дека до Самитот во Загреб европските лидери ќе ја корегираат големата неправда и историската грешка за одложување на одлуката за почеток на преговорите.

Прашан за пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и од амбасадорот во земјава Кристијан Тимоние околу главната причина зошто не добивме датум, Заев кажа дека ги сфаќа пријателски сите пораки како мотив за натамошна работа, и упати на заклучоците од Советот на ЕУ и извештајот на ЕК во кои се вели дека двете земји се подготвени за пристапни преговори.

– Заклучоците се јасни – Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите кои беа зададени за да добијат одлука за почеток на преговрите. Низ поглавјата што треба да се отвораат ќе се прават натамошните подобрувања и евроеизација на институциите. Не треба да има дилеми дека сме подготвени, тоа го кажаа сите лидери на ЕУ, сите претседатели и премиери, а тоа пред Европскиот совет го соопшти и Макрон кога рече дека двете држави исполнија се, но сега ним, на Франција и на ЕУ, им треба доплнително време. Тоа е заклучокот, и за да нема дилеми, и да остане мотивацијата кај нашиот народ да продожи да се европеизира и да работиме, изјави Заев по меѓународната конференција „Другиот во балканската култура" во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

На новинарско прашање дали француското вето е поради барањето за реформи во ЕУ или затоа што немало реформи кај нас, Заев рече дека одложувањето за Самитот во Загреб дојде на барање од Франција која кажа дека таа не е подготвена, а со тоа и Европскиот осовет на може да донесе одлука за преговори.

– Низ дисусијата која треаше до рано наутро на 19-ти беше потврден успешниот процес на реформи и придобивките што ги имаме направено, договорите со Грција и Бугарија како трајни европски придобивки и очекуваме на следниот Европски совет да биде донесена позитивна одлука, кажа премиерот.

За тоа што бара Франција во контекст на реформите на процесот на проширување и за се погласните идеи наместо евроингеграција на земјите кандидадти да им се понуди стратешко партнерство, Заев рече дека тоа се уште не е формализирано. Се надева дека за новата методологија ќе се разговара преку институциите на ЕУ, да се дадат видувања како процесот на проширување да биде унапреден, доволно мотивирачки и конфирмативен за сите што ќе успеваат трајно да ги тарнсформираат своите оштетсва кон европските вредноси, а секако и уназадување за оние кои ќе ги нарушат вредностите како што се владеење на правото, слобода на медиуми…

– Останува ние да работиме, а кога е Европската унија ќе одлучи нека ни го каже тоа. Ние немаме друга алтернатива освен ЕУ, истакна Заев./МИА

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.

Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.

Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.

Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.

притисни ентер