Енди Мареј си игра со својот живот!!

Светски познатиот доктор Хан Ридигер вели дека поранешниот најдобар тенисер на светот Енди Мареј моментално би требало да  престане да се занимава со тенис.

Олимпискиот шампион од Лондон по две години измачување со дегенерисаниот колк , поради кои трпел големи болки, на почетокот на 2019 година се одлучи за радикална и непопуларна операција, при која главите фемурата( бутната коска) и колкот му се заменети со метални.

Мареј иако мислеше дека веќе никогаш нема да се врати на теренот, по само неколку месеци привикнување и подготовки минатиот викенд во Антверпен го освои првиот турнир по 2017 година.

Но докторот Ридигер го предупредува Мареј, дека може да се соочи со труење на крвта со кобалт доколку продолжи да спортува и да игра тенис.

Специјалистот од клиниката во Цирих предупредува дека последиците може да бидат и катастрофални доколку Енди продолжи да игра со вештачкиот колк.

„искрено не би ниту помислил дека по една таква операција некој може да се врати во професионалниот спорт. Тоа е невозможно. Мареј преземал голем ризик. Тој имал операција на колкот. т.н. „Бирмингемски метод“. Во вградениот дел две метални површини се тријат една од друга. Пред десет години таков метод е користен во Швајцарија, понекогаш со катастрофални последици. Тие протези траат многу пократко отколку кај другите методи бидејќи се катастрофални по телото. Движењето, посебно напред и при нагло запирање се многу штетни. Во професионалниот спорт тоа е многу полошо. Со абразија на металот, кобалтот доспева во организмот и го труе. Коските се трошат и се оштетуваат . Јас не го користам овој метод при операции, предупредува докторот Ридигер.

Брачна двојка се пофалиле со патување од соништата, па добиле телефонска сметка од 134.000 евра

Рене Ремунд и неговата сопруга ќе го паметат своето патување во Швајцарија, не само по магичните и колоритни пејзажи, туку и по телефонската сметка што ја добиле при враќањето дома.

Сопружниците често патуваат, а тврдат дека секогаш го известуваат мобилниот оператор пред да ја напуштат земјата. Велат дека истото го направиле и овој пат.

Рене наведува дека истиот оператор го користи веќе 30 години.

„Отидовме во филијалата и го изготвивме планот за патување. Рекоа дека сме покриени. Што и да значи тоа, вие сте покриени“, изјави тој за локалните медиуми.

Сопружниците пристигнале во Швајцарија, посетувале различни локации и испраќале пораки/фотографии до пријателите и семејството за да се покажат.

Откако се вратиле на Флорида, каде што живеат, добиле телефонска сметка, пренесува ABC Action News.

На почетокот Рене мислел дека пишува 143 долари, но неколку дена подоцна ја открил вистинската сума. Компанијата му наплатила 143.000 долари, бидејќи користел 9,5 гигабајти во странство, односно за роаминг.

„Се јавив на операторот и му кажав што е проблемот. Ме ставија на чекање, а потоа ме известија дека сметката е добра. Што сакаш да кажеш под добра, прашав. Ми одговорија дека толку должам“, изјавил Рене.

Човекот ангажирал адвокат кој директно му пишал на претседателот на компанијата, но тврди дека не добил одговор. Потоа контактирале со медиумите.

Новинарите се јавиле кај операторот и го објасниле случајот, а Рене добил уште еден повик неколку дена подоцна.

„Тие рекоа дека ќе ја кредитираат целата сума и да не се грижам“, рече Рене, заблагодарувајќи им се на медиумите за помошта.

Мобилниот оператор испратил и официјално соопштение во кое се вели:

„Препорачуваме клиентите да ги проверуваат информациите додека патуваат, како што е меѓународниот роаминг на податоци. Ако сте на постар план кој не вклучува меѓународен роаминг, ќе треба да користите Авионски режим и Wi-Fi за да бидете сигурни дека вашиот уред не е поврзан на странска мрежа“.

Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

притисни ентер