Бронза за Бојан Костов на Светското првенство за кадети јуниори

Бојан Костов освои бронзен медал на Светското првенство за кадети јуниори и У21 што се одржува во Сантјаго, Чиле.

 Бојан остварил пет победи против ривали од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето било 0-0, но по судиското изјаснување подобар бил противникот од Јордан, кој  подоцна во финалето го освоил златениот медал.

Ова е најголем успех за Бојан во неговата кратка кариера, во која е актуелен европски вицешампион за кадети од ЕП во Алборг и освојувач на бронзен медал на медитеранското првенство во Анталија. 

На СП во Чиле учествуваат 1557 каратисти од 96 држави.

притисни ентер