Костадинов : ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се за обнова на режимот и насилството, случајот во Штип го потврдува тоа

Последниот инцидент во Штип каде е запален автобомилот на членови на СДСМ е доказ за тоа за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПММНЕ, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Ете што значи обновата на режимот, обнова на поделбите и насилство врз неистомислениците.

Обнова на физички напади и апсења на новинари и брутални упади и затворања медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата.

Тоа е потврдено и со последните изјави на европски лидери кои ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат како анти-ЕУ опозиција.

Дури и ЕПП групата на народни партии денеска потврди дека одлуката на Франција да не дозволи почеток на преговорите е „сратешка грешка" што е во директна спротивност на ставовите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не сакаат интеграција во ЕУ и НАТО тие сакаат да се врати криминалниот режим, мракот и изолацијата.

Но тој филм Мицкоски нема да го гледа.

Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и погубните политики на бегалецот од Будимшпешта. Граѓаните, повторно ќе ги поразат деструктивните, антинародни и антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

На 12 април, граѓаните масовно ќе одлучат да продолжиме на прав пат, на патот на развојот, демократијата, напредокот и интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи

Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.

Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.

Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

- Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.

Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

притисни ентер