Кина објави нови фотографии од мистериозната желатинска материја најдена на Месечината (ФОТО)

Кинескиот лунарен ровер Јуту 2 (зајак од жад 2) , откри кон крајот на јули за темната страна на Месечината чудна материја слична на гел со чудна боја.

Сега програмата за истражување на вселената во Кина објави нова фотографија од предметот, или претходно неидентификуваниот материјал, пренесува Space.com.

Лунарниот Ровер, дел од мисијата Чанги 4 што успешно слета на спротивната страна на Месечината во јануари, ја забележа оваа чудна супстанција уште во јули.

Научниот тим кој раководи со роверот „Јуту 2“ се подготвуваше на 28 јули, три дена по почетокот на двонеделниот лунарен ден, да го повлече роверот за „попладневна пауза“, процес што го штити чувствителниот дел од механиката од прегревање кога сонцето е директно над роверот .

Но, Ју Тиани, член на кинескиот научен тим, за време на анализата на панорамата забележал дека има нешто необично во кратерот. Затоа, истражувачите решија да го задржат роверот малку буден, развлекувајќи го директно кон центарот на кратерот за да добијат подобар преглед на интересниот наод.

Таму видоа заслепувачка супстанција која беше различна по боја, форма и текстура од околниот регион.

Иако резултатите од анализата на спектрометарот не беа познати во јули, научната заедница веруваше дека роверот има поголема веројатност да пронајде зацврстен стопен материјал отколку, според кинеската вселенска агенција, лепило во форма на гел.

На најновата фотографија направена од главната камера „Јуту 2“, можеме да ја видиме средината на кратерот, кој содржи материјал со различна боја од околината и покажува сјајни делови.

Клив Нил, лунарен научник на Универзитетот Нотр Дам во Индијана, за Space.com изјави дека снимката дополнително ги потврдува претходните теории дека материјалот што се забележува одблизу наликува на примерок од Месечината најден во 1972 година, за време на мисијата Аполо 17.

Дан Мориарти, од Центарот за вселенски летови на Годард на НАСА, ја анализирал и рафинирал фотографијата подетално за да добие поточни информации.

"Обликот на фрагментите изгледа доста сличен на другиот материјал во областа. Ова ни кажува дека овој материјал има слична историја со онаа на околината", рече Мориарти, додавајќи дека фрагментите може да излегле на површина под влијание на друга супстанција на површината на Месечината, или тоа е бреција, седиментна карпа која што содржи стакло и базалт од вулканските лунарни темни долини што ги нарекуваме мориња.

„Како и да е, тоа е дефинитивно карпа“, изјави Мориарти за Space.com.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер