Заев: За „бомбите“ дознав од Зоран Верушевски,најприслушуван сум јас и Црвенковски

За незаконски прислушуваните телефонски разговори дознав од Зоран Верушевски, тврди премиерот Зоран Заев денеска пред судот на рочиштето за случајот „Таргет -Тврдина“.

Заев вели дека од разговорите кои тој ги имал најприслушувани биле тој и поранешениот претседател Бранко Црвенковски.

Пред судот е Михаела Димовска која го следи сведочењето на премиерот.

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Службеници од Полициската станица Центар вчера во 17.40 часот на улица „Македонија" во Скопје ги лишија од слобода скопјаните Д.К.(19) и А.А.(28).

Како што денеска соопштија од МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба" во објект на улица „Македонија". Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Претставничкиот дом на САД одобри нацрт-закон за справување со домашен тероризам

Претставничкиот дом на САД одобри нацрт-закон за зајакнување на националните капацитети за справување со домашен тероризам

Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-законот за зголемување на федералните ресурси за борба против домашниот тероризам.

Мерката доаѓа како одговор на расистичкиот напад во Бафало каде што во саботата 18-годишен белец застрела десет афроамериканци.

Нацрт-законот е одобрен со мнозинство гласови – 222 претставници во Долниот дом на Конгресот го поддржаа текстот, а 203 беа „против". Единствениот републиканец кој гласаше за иницијавата на демократите беше Адам Кисинџер, член на конгресната комисија што го истражува нападот на Капитол на 6 јануари.

Иницијативата за зајакнување на државните ресурси за справување со домашен тероризам не е нова. Во 2020 година Претставничкиот дом одобри сличен нацрт-закон, но тој беше отфрлен во тогашниот Сенат во кој доминираа републиканците. Оттогаш американските законодавци не успеаја да извршат притисок за воведување мерки за ограничување на огненото оружје, затоа демократите се фокусираат врз федералната борба против домашниот тероризам.

Според сегашниот закон, три федерални агенции ќе работат на истрага, спречување и кривичен прогон на дела оценети како внатрешен тероризам. Новиот предлог-закон предвидува секоја владина агенција да отвори свој оддел за борба против домашниот тероризам.

Канцеларијата за буџет на Конгресот проценува дека ако новиот закон биде усвоен, тој ќе ја чини државната каса околу 105 милиони долари во текот на пет години, а најголемиот дел од парите ќе бидат наменети за ангажирање персонал.

Захарова:Над 900 украински борци од Азовстал се одведени во казнена колонија под руска контрола

 Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро".

притисни ентер