Предложени 17 амандмани за Резолуцијата на ЕП за Македонија и Албанија

За заедничката резолуција на Европскиот парламент за која ќе се гласа напладне, се предложени вкупно 17 амандмани.

Со резолуцијата се повикуваат земјите-членки да покажат одговорност кон Македонија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, јавува дописникот на МИА.

Во предложените амандмани од страна на Обновена Европа се бара во параграфот 1 да се избрише тоа дека Македонија и Албанија беа блокирани од Франција, Данска и Холандија.

Понатаму групата Обновена Европа – во која членува партијата на Емануел Макрон, бара во резолуцијата да се додаде дека „еден од аргументите во прилог на одложувањето се фокусирал на потребата за ревидирање на тековниот формат на преговорите за пристапување. Смета дека таков преглед, кој вклучува научени лекции од претходните проширувања, треба да го преземе идната Европка Комисија, заедно со законодавната работа за новиот финансиски инструмент за претпристапување (ИПА III), со амбициозна агенда за подготвеност од страна на Европскиот совет од мај 2020 година во Загреб.

Истите предлагачи доставија и амандман со кој се дообјаснува позицијата на францускиот претседател односно „дека амбициозна, кредибилна и задоволителна политика за проширување за сите страни бара процес на длабински институционални реформи на Европската унија", забележува дека претстојната конференција за иднината на Европа ќе биде од најголемо значење за да го отвори патот за вакви реформи, а кредибилитетот на Унијата како целина и во процесот на проширување бара брзо воспоставување јасна програма за внатрешни реформи.

Европратениците Ларс Патрик Берг, Гидо Реил и Јорг Меутхе, пак, бара да се замени длабокото жалење за незапочнувањето на преговорите со „поздравување одлуката на Европскиот совет од 17 октомври 2019 година за одложување на започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Македонија; нагласувајќи дека одбивањето на Европскиот совет да даде зелено светло за започнување на пристапните преговори, ја рефлектира загриженоста на одделните земји-членки во однос на безбедноста и благосостојбата на нивните граѓани и разумната употреба на нивните системи за социјална заштита."

Истите европратеници се на спротивно мислење од мнозинството и со амандман бараат да се внесе во резолуцијата дека се „жали што реформите во правосудството кои имаат за цел зајакнување на независноста, одговорноста и професионалноста на судството постигнаа мал напредок". Тие забележуваат „со загриженост дека имало мало подобрување во борбата против корупцијата и организираниот криминал; дека корупцијата на високо ниво и сериозните недостатоци во владеењето на правото продолжуваат да ги обесхрабруваат инвестициите во Албанија и Македонија и го отежнуваат нивниот развој."

Понатаму тие ја повикуваат новата Комисија да учи од грешките направени во претходните политики; во овој поглед се потсетува дека пристапувањето на Романија и Бугарија довело не само до одлив на мозоци, туку и до силен прилив на сиромашни мигранти во побогатите земји во Западна и Северна Европа и потенцираат дека ова создало многу социјални проблеми во многу градови и земји.

Со уште еден амандман тие нагласуваат дека апсорпциониот капацитет на ЕУ и одобрувањето на граѓаните на земјите-членки треба да биде пресуден критериум во процесот на проширување на Унијата.

Од друга страна Ката Пири и Тони Пицула од групата на Социјалистите и демократите бараат во резолуцијата да се вметне фактот дека „со оглед на тоа што историските договори склучени со Македонија претставуваат значаен дипломатски напор и политички успех; дека тие претставуваат симбол на стабилност и помирување низ целиот регион на Западен Балкан; со оглед на тоа што овие договори го подобрија и духот на добрососедските односи и регионалната соработка и го отворија патот за европска интеграција на таа земја".

Грчките европратеници од Сириза бараат исто така да се вметне во резолуцијата дека „историскиот Договор од Преспа со Грција, го реши долгогодишен спор и обезбеди регионална соработка и добрососедски односи во регионот".

Тие исто така изразуваат длабоко разочарување од неможноста на Унијата да се согласи за започнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, заради блокирањето на Франција, Данска и Холандија, забележувајќи дека оваа одлука го покажува недостаток на визија на Унијата и кризата со којашто таа се соочува./MИА

“Вјасна“: Стотина поли­­­­тички затвореници во Белорусија се во многу лоша здравствена состојба

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година.

Стотина политички затвореници во Белорусија, приведени во текот на жестоката конфронтација меѓу властите и опозицијата во изминатите години, имаат многу сериозни здравствени проблеми и можеби се на работ на смртта, соопшти „Вјасна“, белоруската организација за човекови права.

„Вјасна“, чиј основач е нобеловецот Алес Бијалијацки, кој, исто така, се наоѓа зад решетки, идентификуваше 93 затвореници чија здравствена состојба е особено загрижувачка, поради проблеми со рак, срце, болести и други состојби - запоставени или лошо третирани во затворски услови.

-Во заробеништво секоја болест напредува побрзо, во комбинација со недостаток на квалитетна здравствена заштита, изјави претставникот на „Вјасна“, Павел Сапелка и додаде: „На ова влијаат затворските услови: недостаток на свеж воздух, неухранетост, постојан психолошки притисок и стрес“.

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година, кога беше оспорена шестата последователна изборна победа на авторитарниот претседател Александар Лукашенко.

Активистите за човекови права веруваат дека околу 35.000 луѓе биле приведени за време на задушувањето на тие демонстрации, од кои многумина биле претепани од полицијата.

Сите значајни опозиционери се или во затвор или во егзил.

„Вјасна“ проценува дека зад решетки во Белорусија има повеќе од 1.400 политички затвореници. /МИА

Најдобрите американски колеџи се борат со протести против војната во Газа

Протестите против војната во Газа се проширија од Колумбија и Јеил на други американски универзитети додека властите се обидуваат да го разбијат растечкото протестно движење, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата синоќа го прекина протестот на Универзитетот во Њујорк и изврши голем број апсења.

Десетици студенти беа уапсени на Јеил претходно истиот ден, додека Колумбија ги откажа часовите со физичко присуство.

Слични „кампувања“ се појавија во Беркли, МИТ и други колеџи низ земјата.

Демонстрации и жестоки дебати за војната меѓу Израел и Газа и слободата на говор ги потресоа американските кампуси по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври на кој Израел одговори со инвазија врз Појасот Газа. /МИА

Во САД, студентите од двете страни велат дека има пораст и на антисемитски и на исламофобични инциденти.

На прашањето за протестите во кампусите, американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека ги осудува „антисемитските протести“, како и „оние кои не сфаќаат што се случува со Палестинците“.

Протестното движење на кампусите го привлече вниманието на глобално ниво минатата недела откако полицијата во Њујорк беше повикана во кампусот на Универзитетот Колумбија и уапси десетици демонстранти.

Колумбија вчера објави соопштение во кое објави дека сите часови ќе се одржуваат онлајн, при што претседателот на Колумбија Минуш Шафик ги наведе како причина инцидентите со „застрашувачко и вознемирувачко однесување“.

Доктор Шафик рече дека тензиите во кампусот биле „искористени и засилени од поединци кои не се поврзани со Колумбија кои дошле во кампусот за да ги следат своите агенди“.

На Универзитетот во Њујорк, демонстрантите поставија шатори спроти школата за бизнис Стерн.

Како што беше случајот со некои други универзитети, демонстрантите на NYU го повикаа училиштето да ги открие и да ги отфрли своите „финансии и донации од производители на оружје и компании со интерес за израелската окупација“.

Полицијата синоќа почна да апси демонстранти Универзитетот во Њујорк.

Неколку часа претходно, речиси 50 демонстранти беа уапсени на Универзитетот Јеил во Њу Хевен, Конектикат, каде што на демонстрациите учествуваа неколку стотици луѓе во текот на викендот.

Универзитетот соопшти дека приведените игнорирале „повеќе барања“ да заминат.

Десет загинати во судар во воздух и уривање на два малезиски воени хеликоптери

Воената морнарица на Малезија соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него.

Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што ќе се одржи во мај, пишуваат француските медиуми.

„На лице место беше потврдено дека сите се мртви“, соопшти морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, едниот хеликоптер го фатил роторот на другиот, а потоа и двата се урнале.

Инцидентот се случил во 9:30 часот по локално време во градот Лумут, каде се наоѓа поморската база, јави Би-Би-Си.

Надлежните наведуваат дека ќе формираат комисија која ќе ги истражи причините за несреќата./МИА

притисни ентер