Силна осуда кон Франција во ЕП поради блокадата на Македонија

Европските пратеници на вонредната расправа на пленарната сесија за отворањето на преговори со Македонија и Албанија, остро го осудија француското вето на самитот на ЕУ на 18 октомври 2019 и побараа грешката да се исправи во најкус можен рок.

Дискусиите во кои зедоа збор на 40 членови на Европскиот парламент денеска треба да се преточат во заедничка резолуција, за која ќе гласа околу пладне.

Македонија уште еднаш доби поддршка од најголемите политички групи во Европскиот парламент за почеток на преговорите со ЕУ. Повеќе европпратеници остро го критикуваа ветото на Франција на самитот на ЕУ минатата недела и побараа итна промена на одлуката.

Финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен во својство на претседавач со ЕУ, рече дека е длабоко разочарана што минатата недела не беше постигната согласност во Европскиот совет.

– Тоа е назадување за улогата на ЕУ на Западниот Балкан и за проширувањето како стратешка инвестиција во мирот и стабилноста, рече финската министерка.

Таа притоа нагласи дека сега се потребни повеќе напори, но „нема да запреме”.

-Ние сме подготвени сме повторно да се вратиме на прашањето. Многу е важно двете земји да продолжат со реформи, затоа што истото ги очекуваат и граѓаните, рече Тупураинен.

Како и повеќето други учесници во дебатата, во повеќе наврати беше наведен Договорот од Преспа како историско постигнување и беше изразено признание на владата во Скопје за постигнатото.

Комесарот за проширување во заминување Јоханес Хан ја повтори критиката дека лидерите на ЕУ не успеале да си го исполнат даденото ветување.

– Да не заборавиме дека постои едногласно мислење дека на Западниот Балкан му треба повеќе храброст за чекор како Преспанскиот договор. Каде е нашата посветеност и поддршка за оние кои преземаат храбри чекори. Членките на ЕУ сега треба да разјаснат колку е сериозна нивната намера кон овие земји, рече Хан.

Најави дека Европската комисија ќе продолжи да ги поддржува Северна Македонија и Албанија „на сите начини" и изрази надеж дека самитот во Загреб ќе има позитивен исход.

–Не си играјте со Северна Македонија и Албанија. Двете земји постигнаа впечатливи реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Преспанскиот договор беше извонредно постигнување за надминување на проблемите од минатото, и истото важи за договорот на Северна Македонија и Бугарија. Граѓаните се длабоко разочарани, но не смеат да се откажат од надежта, порача Јоханес Хан.

Кати Пири од редовите на Социјладемократите зборуваше за големото значење на Преспанскиот договор, наведувајќи го како пример за голема политичка храброст.

– Но, токму таа храброст ја немаа европските лидери, поточно Макрон, тој не покажа лидерство и политичка храброст. Овој неуспех го нарушува имиџот на ЕУ на Западниот Балкан, рече Пири додавајќи дека одлука на самитот во Загреб ќе биде „премалку и предоцна".

Тоа испраќа ужасен геополитички сигнал кој е спротивен на интересите на ЕУ. Не можеме да чекаме до самитот во Загреб, мораме веднаш да реагираме, порача бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од групата на Европската народна партија, кој ја осуди одлуката на Европскиот совет, но и се пожали на бавната имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Европратеникот на Зелените Рајнхард Бутикофер оцени дека одлуката е кусогледа и му понуди излезно решение на францускиот претседател.

–Господине Макрон вие сте осамени, но Европскиот парламент сака да изгради мост кон вас. Треба да знаете дека ќе помогнеме во реформата на преговарачкиот процес, но ве молам исправете ја грешката која ја направивте да ги оставите Северна Македонија и Албанија надвор, додека се реформираме внатре, рече Бутикофер.

Грчката европратеничка Марија Спираки од владејачката Нова демократија изрази поддршка за европската перспектива на двете земји, потенцирајќи го Преспанскиот договор како позитивен пример.

Сепак, францускиот претседател Емануел Макрон имаше и сојузници во Европскиот парламент кои ја поддржаа неговата одлука, но таа поддршка дојде само од неколку француски пратеници, Жордан Барела, Доминик Билд и Стефан Сежурне од неговата партија Републиката во движење, членови на групата Обнова на Европа.

Макрон исто така беше поддржан од од радикалната десница и популистичките партии како германската АФД и италијанската Северна лига, против чии „сестрински" партии сака да се бори во Франција .

–Ние сме тука да ги штитиме интересите на Франција. Ние сакаме да ги заштитиме идентитетот и нашата демократија. Зошто сакате да внесете земја како Албанија, чии мафијашки организации се веќе во нашата земја, се запраша Жордан Барела.

Пратеникот од германската АФД, Ларс Патрик Берг исто така ја поддржа одлуката на Макрон, предупредувајќи дека, според анкетите, најголемиот дел од граѓаните на Албанија и Македонија сакаат да ги напуштат своите земји. Тој е на мислење дека наместо европска перспектива на двете земји треба да им се даде„некаква прагматична помош и поддршка на долг рок”.

Европратеничката Доминик Билд оцени дека во Албанија „живеат многу муслимански екстремисти", и нагласи дека во Северна Македонија „немало ни доволна излезност на референдумот за Преспанскиот договор".

– Во БиХ, Албанија и Косово мнозинското население се муслимани, додека во Македонија нивната бројка изнесува речиси 30 проценти, нагласи Ана Бонфриско од италијанската Северна лига. Таа предупреди дека „на такви земји не им е местото во ЕУ" при што и побара да им се понудат алтернативи.

За резолуцијата, со која се искажува длабоко жалење поради блокадата на почетокот на преговорите со Севрна Македонија и Албанија на самитот на ЕУ и од новата Европска комисија се бара веднаш да се зафати со темата за проширувањето, пратениците во Европскиот парламент ќе гласаат денеска напладне. Резолуцијата на Европскиот парламент не е обврзувачка. Европратениците и во претходните состави ја поддржаа позицијата на Европската комисија и секогаш бараа отворање на преговорите со Македонија./МИА

Трет ден потрага по изчезнатата двегодишна Данка во Србија

По три дена, српската полиција ја прекина потрагата по исчезнатата Данка во планинската област на Бањско Поле и истрагата се насочува во друг правец.

Досегашните информации покажале дека двегодишното девојче најверојатно не се наоѓа на подрачјето каде е досега барано, чија површина изнесува околу 10 квадратни километри. Полицијата сега води проверка на базните станици и ги вештачи телефоните на родителите на девојчето и се испитуваат соседите.

-Самиот факт дека е прекината потрагата, значи дека се дојде до некои нови информации кои ја насочија полицијата на оперативна задача. Со целото срце се надевам дека тоа се позитивни информации, и дека наскоро ќе добиеме информација дека Данка е пронајдена жива и здрава,- изјави, Славица Радовановиќ – полковник во пензија на мин. за внатрешни работи на Србија.

Паралелено со оперативната истрага, според српските медиуми, се чешла и дворот на куќата на семејството каде исчезнала Данка. На местото дошол и багер кој го прекопувал запуштениот имотот прекриен со шут и обраснат со трње. Во исто време, полицијата врши проверка на шахтите и јамите во населбата.

-Може да кажеме дека поголем дел е пребаран, но секогаш постојат тие пет до десет отсто веројатност, што не можеме да ја потврдиме, дека детето го нема, од различни фактори. Постои ситуација кога ветерт не го носи мирисот на страната од каде доаѓа куќето, туку го носи на друга страна,- Дејан Шевковиќ – планинарска спасувачка служба.

Потрагата по двегодишното девојче до вчера се вршеше од воздух и копно, со над илјада полицајци, спасувачи и доброволци. Се користеа дронови со термо камери, хеликоптери и кучиња трагачи, но досега потрагата не даде никаков одговор.

На Данка Илиќ ѝ се губи секаква трага од вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско Поље кај Бор. Исчезнала во моментот, кога мајката му давала вода на својот син. Полицијата дошла за 15-тина минути по пријавувањето, а последен пат, според мештаните, била видена како се упатува кон шумата.

Јанчев: Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега!

Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига, напиша на својот профил на Фејсбк, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега! [⬇️]

[📌] Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига. Од 2017 та година откако Митко Јанчев ја доби функцијата градоначалник на Општина Кавадарци, работите за ГФК Тиквеш кој играше во втората лига исток тргнаа кон подобро. Во сезоната 2018–19 Тиквеш играше бараж за влез во првата лига но загуби од Силекс со 2-3. По паузата заради КОВИД пандемијата, градоначалникот Јанчев покажа огромен сенс за спортот и уште повеќе го поттикна клубот решен на своите кавадарчани да им го врати прволигашкиот фудбал. Тоа и се случи веќе во сезоната 2020/21 кога Тиквеш заврши како втор и во баражот со 1-0 го совлада Силекс а кавадарчани по 17 години повторно добија можност да уживаат во прволигашки фудбал.

[📌] Во првата сезона по враќањето во првата лига Тиквеш

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните?

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните и за светските компании кои се веќе во земјава, по обврската да ја воведеме давачката која произлегува од членството во организацијата за соработка и развој(ОЕЦД)?

Според проценките, 50 странски компании кои работат во земјава ќе бидат опфатени од глобалниот минимален данок кој ОЕЦД го наметна од први јануари годинава. Првичните истражувања на „Прајс вотерхаус куперс“ покажале дека македонскиот буџет по овој основ ќе се соочи со одлив од најмалку 30 милиони евра годишно... Од советот на странски инвестиции при стопанската комора пак велат очекувале транзициски период.

Ние како Совет уште минатата година го покренавме овој разговор и оваа дискусија со економскиот тим на Владата, и ако тогаш на еден или друг начин ни беше кажано дека барем ќе има некаков транзициски период каде што ние како држава веднаш тоа нема да го воведуваме, сепак од први јануари оваа година овој данок е воведен на глобално ниво, така да голем број на компании без разлика дали работат во или вон технолошко-индустриските развојни зони, или дали тие добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае врз локалните компании...

Светските компании во земјава сега плаќаат данок од 10%, а со глобалниот ќе плаќаат вкупно15% со тоа што 5% ќе одат во нивните матични земји. Според првиот човек на ТИРЗ – Јован Деспотовски нема да се отежни процесот на привлекување на странски инвестиции. Според него сегашниот данок од 10% мора да остане поради придобивките за домашната економија... Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за намалување на данокот за компаниите на 5% за него е неекономски...

-Нема да го отежнат за нас, меѓутоа очигледно ќе го отежнат за нашите политички опоненти, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ заговара нова стратегија на привлекување на странски инвестиции кои што се базираат на намалување на данокот на добивка што е „нонсенс“. Ние како држава сега треба да бидеме паметни, да ги спречиме негативните ефекти врз домашната економија, тоа значи да не се залетаме и да го воведеме тој данок од 15%. Исто така и не треба да бидеме глупави па да одиме со политиката од 10% на 5%, знаејќи дека компаниите кои плаќаат сега 10% ќе треба разликата до 15% да ја доплатат некаде на друго место,- -Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Според наведеното, ОЕЦД со глобалниот данок сака да стави крај на трката со даночни ослободувања или олеснувања да се привлечат што е можно повеќе инвеститори од страна на земјите. Нивната иницијатива ја подржаа 140 земји, а тоа ги засега над 8.000 светски мултионационални компании со консолидирана добивка од над 750 милиони евра...

притисни ентер