Британските медиуми пренесуваат дека во насилството досега загинаа неколку лица, меѓу кои и активисти на Мапуче, припадници на безбедносните сили и шумари.
Чилеанската министерка за внатрешни работи, Изкиа Сичес, прогласи вонредна состојба во согласност со Уставот на Чиле, кој на армијата ѝ овозможува да ги чува важните правци и патишта во областите од епицентарот на конфликтот.
-Очигледно е дека во последно време имаме зголемен број на акти на насилство на патиштата и бевме сведоци на напади од кукавици, решивме да ги искористиме сите алатки на државата за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани, рече Сичес.
Тој додаде дека саботажите и палењата куќи, камиони и машини се зголемени во последните години во областа што важеше за исклучителен туристички регион.
Неколку групи од народот Мапуче бараат да им се врати земјиштето од предците, на кои во моментов работат шумските претпријатија.
Левичарската влада на Бориќ најавува дека ќе одвои околу 470 милиони долари за проекти за јавни работи во оваа област, заедно со претходно најавените планови за унапредување на враќањето на земјиштето и формирање на Министерство за староседелци.
Новата вонредна состојба е поограничена од онаа што ја воведе претходната влада, а самиот Бориќ изјави дека нема намера да ја обнови на начин што го определи неговиот десничарски претходник Себастијан Пинера, кој неколку пати ја продолжуваше вонредната состојба, но во март беше укината.
Некои групио од народот Мапуче поднесоа судски налог за заштита против Пинера, изјавувајќи дека вонредната состојба е произволна и незаконска.
Министерката Сичес рече дека владата побарала обвинителот да ги истражи криминалните организации и активности, како што се трговија со дрога и кражба на дрво во областа./МИА