Туск најави дека ќе препорача ново одложување на Брегзитот

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск најави дека ќе препорача другите 27 земји членки на Европската Унија да одобрат одложување на датумот на заминување на Британија од ЕУ.

Претходно, британскиот премиер Борис Џонсон го стави во мирување овој договор откако Парламентот, иако за прв пат го одобри, реши да не го избрзува.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата Влада ќе паузира со донесувањето на Законот за ратификување на договорот за Брегзит, се додека Европската Унија реши дали ќе понуди одложување на планираниот излез на Британија на 31 октомври.

Пред тоа , британскиот Парламент начелно го изгласа Законот за спроведување на договорот за Брегзитот кој премиерот Борис Џонсон го постигна со ЕУ во минатата недела.

На патиштата низ САД лани погинале 43.000 лица

На патиштата низ САД минатата година погинале речиси 43.000 лица, што е најголем број на настрадани во последните 16 години и скок од 10 отсто.

Ова е најголем раст откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) го почна својот систем за собирање податоци за смртните случаи во 1975 година.

Американското Министерство за транспорт соопшти дека се соочува со криза на патиштата. Управата за безбедност на патиштата ги повика државните и локалните власти и возачите да се приклучат кон напорите за запирање на растечкиот број на жртви.

Прелиминарните податоци што денеска ги објави Управата покажуваат дека минатата година во сообраќајни несреќи загинале 42.915 лица, наспроти 38.824 во 2020 година, а конечните податоци ќе бидат објавени есенва.

Бројот на загинати во сообраќајот почна да расте во 2019 година.

Управата за ваквата состојба ги обвини несовесните возачи за време на пандемијата, а највиновно е брзото возење и возењето без појас. Пред 2019 година, бројот на погинати на патиштата опаѓаше три години по ред. /МИА

Наизменичен режим на сообраќај на патот кон ГП Блаце

Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одрон во близина на метото викано „Вражји вир".

– Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала" поточно на м.в. Вражји вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат вечерва од АМСМ.

Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци./MИА

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците  низ градот.  

Во текот на изминатата ноќ се вршеше бележење на хоризонталната сигнализација на бул. Илинден во насока од бул. ВМРО кон улицата Никола Парапунов, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ Борис Трајковски, како и на улицата Франклин Рузвелт.

Вечерва машинско бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши во општина Центар на бул. М.Т.Гологанов на потегот од бул. Климент Охридски кон Рузвелтова.

Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров вчера вечер започна обележувањето на такси станиците. Вечерва обележувањето на такси станиците од страна на ЈП Улици и патишта продолжува во населба Автокоманда.

Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Град Скопје

притисни ентер