Францускиот печат со остри критики за Макрон поради блокадата на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија

Неколку дена по завршувањето на европскиот самит во Брисел, францускиот печат со остри критики за позицијата на претседателот Емануел Макрон поради блокадата на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија.

Дневниот весник „Ла Кроа" близок до демохристијаните, констатира уште во насловот „Македонија дестабилизирана со француската одлука да и ги затворање на вратите на ЕУ".

Со осаменото одбивање да дозволи да започнат пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, Франција се најде осамена и обвинета за поткопување на кредибилитетот на Европската Унија во регионот на Балканот.

Ако Данска и Холандија изразија резервираност, Париз беше тој кој одби да ја преиспита својата позиција и покрај притисокот од другите земји-членки за време на Европскиот совет во петокот 18 октомври. Иако Комисијата веќе препорача двапати отворање на преговорите, прв чекор во долгиот процес на пристапување, пишува „Ла Кроа".

Срѓан Цвијиќ, аналитичар за политика на Отворено општество, во „Ла Кроа" ја осудува „стратешкото незаинтересираност на Франција на Балканот од 2007 година" и која притоа „збунетата" порака.

„Со тоа што не го oдржа зборот за Македонија, Франција и ЕУ го губат кредибилитетот", сметаат во заедничката трибина во париски „Ле Монд" Пјер Мирел – истражувач и поранешен генерален директор на Европската комисија и Жак Рупник–Директор за истражување при ЦЕРИ-Политички науки во Париз.

Според двата добри познавачи на Балканот, „одбивањето на Емануел Макрон да ги отвори преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ е „повеќе од грешка".

Сите реформи во Северна Македонија, па и промената на името беа „во името на Европа". Затоа беше логично Европскиот совет уште од 29 јуни 2018 година да ја отвори вратата за преговори за пристапување кон таа земја која, како најдобар ученик, ги исполни строгите барања на Комисијата.

Тогаш, Франција и Холандија посакаа продлабочување на започнатите реформи, како предуслов за отворање на преговорите. Претседателот Макрон веќе ги „тушира" надежите со тоа што во 2018 година изјави дека ЕУ треба да се реформи пред повторно да се прошири. Секако, според формулата на Комисијата, „ЕУ мора да биде посилна и поцврста пред да може да се прошири", но Франција направи од тоа антифон со скоро невротично спротивставување на продлабочувањето и проширувањето. Притоа Рупник и Мирел зборуваат за вистинската цена на не-проширувањето на ЕУ.

Оваа повторена позиција (на Макрон) предизвика шок во Северна Македонија, секако, но и во земјите од регионот, кои не се толку подготвени да се впуштат во реални реформи и кои брза да рециклираат стара поговорка од поранешните комунистички земји од Источна Европа: „ЕУ се преправа дека не пречекува, а ние се преправаме дека се реформираме! “

На конференцијата на амбасадорите на 27 август, Емануел Макрон повика на „реинвестирање на Балканот за да не им се дозволи на неевропските земји да ја играат играта за нас". Но, во Брисел, на 18 октомври, Франција сакаше да се преиспита „рамката на преговорите" за поголема транспарентност и реформи, дури и кога Македонија и Албанија ги продлабочуваа реформите дури и во тешко политичко опкружување.

„Подоброто е непријател на доброто: токму со отворањето на преговорите ЕУ би можела целосно да ја искористи својата мека моќ со промовирање на реформите и надминување на националистичките спорови", пишуваат во Ле Монд.

Особено со оглед на тоа што Бундестагот, повикан од германската влада, гласаше во оваа насока со мнозинство. „По укинувањето на ветото на Грција, Франција сега го става своето. Тоа е повеќе од грешка. А покрај француската изолација, тоа што ги загрижува е што е„ дискредитиран самиот збор е ЕУ".

Бруталниот заклучок на Европскиот совет ќе создаде големо разочарување на Балканот. Русија, Кина, Турција и другите „предатори" ќе го искористат овој вакуум. Што се однесува до Франција, која се врати во регионот каде има силни историски и економски врски, таа изгуби голем дел од својот кредит и придонесе за губењето на тој на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен рече дека „пристапувањето е инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа". Таа ќе треба многу да направи за да се исполни оваа желба, затоа што ЕУ не го исполни дадениот збор и ризикува да плати висока цена", ја завршуваат трибината во париски „Ле Монд" Пјер Мирел и Жак Рупник.

Неделникот „Ле Поант" оди пак најдалеку со критиките за ветото на претседателот Макрон, насловувајќи го својот уреднички коментар „Кукавичлакот на Франција на Балканот".

-Додека Соединетите американски држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го предаде Балканот. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под влијание на Париз, Европа им остави дел од себе на штетното влијание на Кина, Русија и Турција, пишува Лук де Барошез во „Ле Поант", додавајќи „Жалиме поради тоа што гледаме, како и во Сирија, оставка на Западот, пораз на демократијата и неуспех на европските вредности."/MИА

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи

Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.

Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.

Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

- Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.

Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

притисни ентер