Без струја утре и задутре делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Бутел

Заради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Бутел.

Од 12:30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Париска од бр. 3 до бр.19, улицата Варшавска бр.5 и бр. 7 и улицата Прашка од бр.1 до бр.40 во Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата Ганчо Хаџи Панзов во Центар.

Од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Борис Сарафов зграда 87, ул.Македонска Преродба од бр.76 до бр.102, ул.Арсениј Јовков од бр. 81 до бр. 101 и ул.Борис Сарафов од 51 до 80 во Ѓорче Петров, а од 08:45 до 16 часот станицата во Зелениково и селата Градовци, Тисовица, Дејковец, Добрино, Пакошево, Страхојадица и Смесница, како и корисниците од Ново Село и ЖТП Кадина Река.

Утре од 8 до 8:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и ТС Хисар Туризам, ТС МАК КАБ и ТС Еуротехника, ТС Алма М,ТС БЛИВ,ТС ИГМ Вратница, ТС Слободанка, а од 8 до 15 часот фирмите Датапонс, Кватра Нет и Кафе Вединг.

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во петок и тоа од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од бул.Борис Трајковски подулица 7 околу складот на „Макпетрол" во Кисела Вода, а 9 до 12 часот, корисниците од дел од улицата Коле Неделковски и Теодосиј Гологанов. Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе останат и корисниците од селото Волково односно ул.81, ул.87, ул.89 и околните споредни улици во Ѓорче Петров, додека од 9 до 11:30 часот, корисниците од „Вардар мебел" на ул.Ѓорче Петров, ул.Вера Циривири Трена од бр. 7 до бр.58, ул.Штросмаерова. ул.Никола Вукмировиќ од бр. 3 до бр.52, ул.Ѓорче Петров згр. 60. во Ѓорче Петров. Од 12:30 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул.Џоле Стојчев згр.5, ул.Вич згр.18, 20 и 22, ул.Разловечко Востание згр 5, 22 и 24 во Карпош, а од 11 до 13 часот, корисниците од ул.Ернест Телман (опш. Аеродром).

До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.

Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m2) и поројни, проследени со ретки грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Времето во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено поројни, а во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Tемпературата ќе се движи до 12 степени целзиусови.

Зеленски: Рускиот напад врз ТВ кулата во Харков е дел од кампањата за заплашување

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот ракетен напад со кој беше уништена телевизиската кула во Харков е дел од тековните напори на Кремљ да го заплаши населението на вториот по големина град во Украина, кој беше под интензивирани напади во последните неколку недели.

Целта на нападот беше „теророт да се направи видлив за целиот град и обид да се ограничи поврзаноста на Харков и пристапот до информации“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Североисточниот дел на Харковската област се наоѓа на линијата на фронтот од околу 1.000 километри, каде што украинските и руските сили се борат повеќе од две години од инвазијата на Москва врз Украина. Линијата на фронтот не е многу променета во услови на војна на исцрпување, која главно се води со артилерија, дронови и во ровови.

Од крајот на март, Русија го засили притисокот врз Харков, очигледно за да го искористи недостигот на украински системи за противвоздушна одбрана. Руските единици ја погодија локалната електрична мрежа и гаѓаа станбени блокови.

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри, речиси во средината, по што дел од неа се урна и дојде до прекин на програмата. /МИА

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

-Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан.

Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски беспилотни летала, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Миколаев./МИА

притисни ентер