Привршува поставувањето на планинарски патокази на планината Средна

 Членови на Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево привршува со поставувањето на  планинарските патокази на планинарската патека Средна. 

Се работи за проект, кој како што информираше претседателот на ПСК „Голак”, Љупчо Чучуковски е финансиран од Општина Делчево.

-Во наредниот период ќе ги поставиме и останатите со што ќе ја комплетираме во целост патеката која претходно беше маркирана по Књефелцовата маркација како и беа поставени инфо-таблите во селата Разловци и Нов Истевник, истакна Чучуковски.

По оваа активност, како што додава, со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се уредува туристичкиот локалитет Истевнички Кукуље.

-За реализација на овој проект за кој имаме финансиска поддршка од Агенцијата, предвидено е изготвување потребна инфраструктура, за една ваква атракција и тоа во форма на пропратни објекти (фото-летниковци, маси, клупи, канти за отпад и др.). Исто така потребно ќе се постават инфо табли со основните податоци од локалитетот. Во иднина ќе се изработи и печатена брошура за туристичкиот локалитет со цел негова промоција, како и ставање во програмите на туристичките субјекти како нов готов туристички производ, додава Чучуковски.

Претходно, членовите на ПСК ,,Голак” ја обележаа и мапираа првата планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион, активности за која беше извршена контрола од страна на Симон Симоновски, претседателна комисијата за планинарски патеки при Федерација за планинарство на Р.С.Македонија, како и претставници од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, кои како што информираа од ПСК ,,Голак” констатираа дека патеката е комплетна со патокази и инфо-табли и истата беше оценета со највисоки оцени.

Шекеринска од Битола: ВМРО-ДПМНЕ не смее да спомене п од правна држава

Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска денес во Битола при одговор на новинарски прашања го повика противкандидатот Дурловски да се појави на соочување, се наведува во соопштението на СДСМ.

,,Јас не бегам од камери, не бегам од поставени прашања, а каде е носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски да одговори барем на едно прашање од медиумите, од граѓаните!?

Ако како битолчанец не знае каде води патот од Битола, што ли ќе каже за регионалните патишта во Струшко или Кичевско.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ не промени ни точка во своето однесување. Лаги, дезинформации, напади и плукања, изјави Шекеринска.

Како партија покажавме разлика, бидејќи ниту еден од СДСМ не беше над законот, ниту еден случај не беше блокиран, ниту еден кандидат или пратеник од СДСМ не се крие од Судот, ниту еден од нас не бега кога ќе го повикаат во полиција.

ВМРО-ДПМЕ треба да одговори на многу прашања, но не смее да каже ни п од правна држава.

Кога ги слушав дека зборуваат за нула толеранција кон криминалот, мојата реакција беше дека има две нули и една единица пред тие две нули, односно имаат 100 процентна толеранција за криминалот и корупцијата во нивните редови, рече Шекеринска.

Први официјални резултати во Хрватска : Убедлива победа на ХДЗ и Пленковиќ

Андреј Пленковиќ останува  на премиерската позиција по убедливите резултати по парламентарните избори во Хрватска.

Според првите официјални резултати на Дражавната изборна комисија , ХДЗ на Пленковиќ има освоено 71 место во парламентот , додека втора е СДП со 45 места. Домовински покрет е на трето место со 16 мандати.

Според аналитичарите , неспорна е победата на Пленковиќ со резултати најдоби во последните 15 години. Останува само да се види дали ќе треба да коалицира со некоја од коалициите или ќе може сам да ја формира владата.

Бачев: Народот нема повеќе право на грешка, ова се историски избори

Народот нема повеќе право на грешка.

Ова се историски избори, народот ќе каже дали ќе се зацементира бришењето на се што е македонско од оваа марионетска власт, или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат Македонија на изворните определби. Ова вечерва во Кавадарци го изјави Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија.

Тој информира дека граѓаните ја прифаќаат платформата со која настапуваат – „Битка за Македонија". Во неа, како што рече, има 10 стратешки определби со кои си ја враќаме државата назад. Ќе ги поништиме антимакедонските договори, ќе направиме реален попис, рече меѓу другото Бачев.

Професорот Јове Кекеновски праша зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките за заштита од коронавирусот од страна на политичките партии.

– Во паниката која се повеке ги фаќа, поголемите политички партии воопшто не ги почитуваат мерките и препораките за заштита и почнаа да одржуваат народни митинзи, каде на мал простор собираат (односно ги тераат да се собираат) партиските приврзаници. Притоа воопшто не водат сметка за препорачаната дистанца помеѓу присутните. Ја прашувам Комисијата за заразни болести дали мерките и препораките важат само во маркетите, банките, кафеаните и други институции, а не и при организирање партиски митинзи?Кој ке ја сноси одговорноста доколку по изборите бројката на новозаразени порасне повеќекратно?, рече Кекеновски.

Во име на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија", како што рече, бараме ДИК и Комисијата да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките, при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза. -Функциите не се побитни од нашето здравје, нагласи Кекеновски.

Караванот на „Единствена Македонија" и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија" беше во Росоман, Кавадарци и Неготино./МИА

притисни ентер