Пајакот во Ријека подигна Смарт и го здроби (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Хрватска и во регионот денеска се рашири видео на кое се гледа како работи пајак-службата во Ријека.

Снимката е објавена на страницата на Фејсбук ,,Сообраќајни згоди и незгоди” , а на неа се гледа како пајакот се обидува да подигне автомобил Смарт , кој бил непрописно паркиран.

Откако го закачиле на системот за кревање, Смартот се наведнал неколку пати до тој степен што удрил во земја и на предната и на задната страна. Според сведоците кои ја снимиле целата ситуација, Смартот е здробен од сите страни.

Од полицијата велат дека штетата најверојатно ќе биде надоместена со осигурувањето, бидејќи нема елементи на кривичното дело, бидејќи пајак-службата немала намера да го оштети автомобилот.

Германија и Франција се борат за позиција на европски лидер во НАТО

Франција и Германија се натпреваруваат за европско лидерство во рамките на НАТО на денешниот сопстанок во Брисел, за време на првата средба на министрите за надворешни работи на НАТО.

Ова доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека НАТО претрпел „клиничка смрт“.Пред самитот на НАТО во Лондон за две недели , се одржа јавна истрага за природата на алијансата, која ќе ја одбележи 70-годишнината.

Прашањето за сигурноста на претседателот Доналд Трамп, упадот на Турција во Сирија, кој беше критикуван од многу сојузници и критиките на САД од страна на европските членки за доделување недоволни ресурси за одбрана, се некои од проблемите со кои се соочува НАТО.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, на средбата изјави дека Европа не треба да се одвојува од САД и предложи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег да формира комисија од експерти за да разговара за стратешките прашања.

Настрана од предлогот, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан предложи формирање група „мудри луѓе“ за да разговараат за иднината на НАТО, изјавија двајца дипломати за Ројтерс.

Во интервју за „Економист“ на 7 ноември, Макрон се залагаше за поголема европска интеграција во одбраната, за да може побргу да одговори на кризите во близина на европските граници, без НАТО или САД.

Макрон тогаш предупреди за недостаток на координација меѓу европските сојузници од една страна, и САД и Турција од друга страна.

„Важно е политичкото крило на НАТО да се зајакне“, им рече Маас на новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

НАТО е „животно осигурување“ на Европа, рече Маас.

Ле Дријан денеска не зборуваше јавно, но дипломати изјавија  дека гледаат во Париз за да постават табу прашања, како што е квалитетот на американското водство, земајќи ја предвид претходната изјава на Трамп дека НАТО е застарен.

„Се работи за тоа кој треба да биде природен водач во Европа: Париз или Берлин, или евентуално и двете, и во која насока е раководен НАТО“, изјави висок функционер на НАТО за Ројтерс.

„Куририте“ пуштени на најјако

„Колеги“ од сајтот Курир, зарем е можно вие да критикувате некого, во овој случај нас, Канал 5,  за немање на демократија? Телевизијата која секоја недела нуди можност за максималнен број на различни политички мислења? Се претера и со „курирувањето“

Канал 5 ТВ нема намера најмалку вам да ви се правда за практицирање на демократија, затоа што Македонија е премногу мала земја, за да не ги познаваме принципите на работа на редакциите. Погледнете си ги вашите објави на вести, и се ќе ви стане јасно.
Вашите принципи и водење на вашиот „медиум“, јавноста точно знае од каде доаѓа , и под кои услови се реализира. Очигледно во последно време се ви оди „подмачкано“, како да сте го користеле вашиот омилен продукт кој го рекламирате - маслото за јадење „Оливери“, квалитетно унгарско масло, невидливо за нашите граѓани во нашите маркети.

Но во интерес на јавноста, вашата лага да не остане ненотирана, еве ги причините зошто не емитувавме коментари во „живо“ на ТВ екранот:
- Поставивме ваков принцип уште минатата година, а го практициравме и во дуелот помеѓу Заев и Мицкоски, Пендаровски и Силјановска, значи кога гостуваат „високи“ политички гости, не емитуваме FB коментари пред се да не го одвлекуваат вниманите на гледачот. Тогаш „вашите гледачи“ нешто не се бунеа ?
- За ваша информација, сите FB коментарите се објавуваа без цензура на нашата FB страница, така да овој ваш смешен обид за конструкција, во најмала рака ви е баш онака како што и може да биде  - „Курирски“.

За крај, и рибиното масло е исто така здраво.



 

Новиот лидер на Еворската народна партија , Доналд Туск, најави борба против популистите

Претседателот на Европскиот совет во заминување,  Доналд Туск , е новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП), беше изгласано денеска во Загреб ,по  што Туск вети дека ќе се бори против популистите.

Претставниците на европските народни партии гласаа со 491 гласа за Туск, а против биле 37 делегати на Конгресот на ЕПП.

Туск на лидерскоот место на ЕПП го замени Французинот Жозеф Доул, кој ја предводи партијата од крајот на 2013 година

Туск (62) беше единствениот кандидат за нов шеф на централно-десничарската европска партија и најсилната политичка група во Европскиот парламент.

На крајот на ноември, му истекува мандатот како претседател на Европскиот совет, на кој беше избран во 2014 и 2017 година.

„Подобро е да се биде претседател на ЕПП отколку поранешен претседател на Европскиот совет“, се пошегува Туск, откако беа објавени резултатите.

Претходно , денеска тој изјави дека е уморен од тоа да биде првиот европски бирократ и треба да премине во борба против популистите.

„Од една страна, има партии на неодговорен популизам, а од друга, е нашата партија која е одговорна за популарноста“,рече тој пред делегатите од околу четириесет земји.

"По пет години, јас сум уморен од тоа да бидам главен европски бирократ. Подготвен сум за борба, се надевам дека и вие сте подготвени", додаде Туск.

Активистот на ,,Солидарност’ од 1980-тите стана најдолготрајниот премиер во пост-комунистичка Полска (2007-2014). Тој беше еден од основачите на центристичката партија Граѓанска платформа, членка на ЕПП што ја предводеше од 2003 до 2014 година.

Со 182 од 751 освоени места, ЕПП е најголемата група во Европскиот парламент и заедно со социјалистите, либералите и зелените, формираат мнозинска проевропска алијанса.

Туск рече дека стравот одигра голема улога во политиката и дека во пресрет на мигрантската криза и терористичките напади, луѓето во последниве години бараат чувство на безбедност.

„Затоа нивните срца толку лесно ги освојуваат оние што викаат ,,станете” , повторно  направете ја вашата земја голема, повторно вратете ја контролата’ “, рече Туск, алудирајќи на „мантрите“ на популистичките лидери во Европа и изборниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, тој тврди дека само оние што сакаат и можат да им дадат чувство на сигурност на луѓето имаат право да владеат додека ги штитат нивните слободи и права.

„Ние нема да ги жртвуваме вредностите како граѓанските слободи, владеењето на законот и пристојното јавно однесување пред олтарот на безбедноста и редот, затоа што нема потреба за тоа“, додаде тој.

„Оние што не можат да го прифатат ова, де факто се исклучени од семејството“, рече Туск, очигледно осврнувајќи се на партијата „Фидес“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која беше суспендирана од ЕНП во март поради кршење на демократските стандарди во земјата.

притисни ентер