Канје ја воодушеви Ким Кардашијан со подарок од милион долари

Старлетата Ким Кардашијан неодамна го прослави 39. роденден , а на Инстаграм откри дека нејзиниот сопруг Канје Вест и подарил нешто неочекувано.

Наместо да ја бомбардира со скапи подароци, Канје донираше  милион американски долари во име на реформите во затворите, а Ким откри дека подарокот ја воодушевил.

„Тој донираше милион американски долари во моите омилени добротворни организации кои напорно работат на реформа на затворите во мое име , на негово и на децата. Тоа ме направи многу среќна“, напиша таа со фотографијата на Инстаграм.

Ким исто така објави потврда за исплата на „Инста приказна“ во која се гледа дека Канје донирал пари за организациите : "Cut 50", "Buried Alive Project", "Equal Justice Initiative" и "Antic-Recidivism Coalition".

И сестрата на Ким , Кортни, го пофали Канје во коментарите.

„Канје има најдарежливо срце. Тоа е толку инспиративно“, напиша таа.

притисни ентер