Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

притисни ентер